НАЈНОВО
Автор: Press Online
Долгот на Македонија кон странство зголемен за 742 милиони евра за три месеци Македонија во првиот квартал од 2026 година бележи значително зголемување на надворешната задолженост. Новите податоци на Народната банка покажуваат дека обврските кон странство се зголемиле за 742 милиони евра во однос на претходниот квартал. Бруто надворешниот долг на крајот на март достигнал 12,943 милијарди евра, што претставува 70,5 проценти од проектираниот бруто-домашен производ за 2026 година. Според анализата на НБРМ, најголем дел од растот се должи на зголемените обврски на јавниот сектор. Јавниот надворешен долг во првите три месеци е зголемен за 463 милиони евра, главно како…
Растечкото влијание на Зохран Мамдани врз Демократската партија беше видливо во Њујорк во вторник, откако тројца конгресни кандидати поддржани од демократскиот социјалистички градоначалник на Њујорк победија на внимателно следените прелиминарни избори, додека гласачите во Мериленд, Јута и Јужна Каролина гласаа на прелиминарни избори и втор круг. Бред Ландер, поранешниот контролор на Њујорк, кој исто така се кандидираше за градоначалник минатата година пред да го поддржи Мамдани, ја доби својата трка лесно, победувајќи го демократскиот конгресмен Ден Голдман. Друг сојузник на Мамдани, Клер Валдез, државен пратеник и поранешен организатор на синдикати, го победи Антонио Рејносо, претпочитаниот наследник на пензионираната демократска…
Соопштение на СДСМ; Животот на децата со имунолошки болести е загрозен, поради административен и институционален хаос на власта на Мицкоски. Нема медицински кадар на Детската клиника. Распад на здравствениот систем кој не може ниту за здравјето на децата да се грижи. Цената за потрошените пари во буџетот сега треба да ја платат дечињата? Кочоска се правда дека доцна пристигнало барањето за согласност за вработување. Па зошто порано не се надминале административните пречки, особено кога се работи за живот на деца? Вистината е дека согласности за вработување имало, и се барале дури од почетокот на оваа година, ама од финансии доцнел четири…
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против пет физички лица: Б.Г., Г.Ф. во својство на надзорни инженери, и Е.Н., М.Г. и Н.М., сопственици и управители на две правни лица, како и против самите правни лица, за сторени кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 од КЗ на РСМ, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ од чл. 280 од КЗ на РСМ, „Измама на штета на средствата на Европската Унија – во обид“ од чл. 249-а од КЗ на РСМ…
Германија е најпогодената европска држава од рансомвер-напади, а голем дел од инцидентите можат да се поврзат со Русија, изјави германски експерт за кибер-безбедност, пренесува ДПА. Кристијан Дер, експерт за кибер-безбедност во Институтот „Хасо Платнер“ (ХПИ) во Потсдам, го изјави тоа во пресрет на националната конференција за кибер-безбедност, што ќе се одржи утре во овој град. Рансомвер-нападите подразбираат употреба на злонамерен софтвер кој ги шифрира податоците и информатичките системи, при што кибер-криминалците бараат откуп од жртвите за нивно повторно отклучување. – Германија е европското жариште за рансомвер-нападите – рече Дер. Според него, растот на ваквите напади е речиси двојно поголем отколку…
Тошковски на социјалните мрежи вели дека ова е трета интерпелација против него во период од две години и дека, истата повторно е најавена преку политички настап, а не преку конкретни аргументи. Министерот нагласува дека интерпелацијата е демократско право на опозицијата и дека нема намера да избегнува собраниска расправа, туку напротив ќе ги соочи ставовите во парламентот пред пратениците и јавноста. Тошковски упати критики кон Левица, тврдејќи дека партијата со ваквите потези, се позиционира како политички сојузник на СДСМ и ДУИ. „Не се напаѓа оној што е неважен, се напаѓа оној што менува нешто“, наведува министерот Тошковски.
Според Централна банка на Албанија директните странски инвестиции во првите три месеци годинава достигнале 404 милиони евра, што е 11,6 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. – Секторот за недвижности останува еден од најголемите придонесувачи за инвестициските приливи. Тоа се должи на зголемениот интерес за албанскиот пазар што беше поткрепено од експанзијата на туризмот во земјата, што услови купување недвижен имот, главно од странци, објавија медиумите. Другите сектори каде што се концентрирани странските инвестициски текови вклучуваат финансиско посредување, енергија и транспорт. Директните странски инвестиции, дознаките од иселениците, заедно со приходите од туризам, претставуваат главните извори на прилив на…
Ретко предупредување за црвена жештина започна во 9 часот наутро во Лондон (10 часот наутро во Европа) за големи делови од Англија и Велс, само по втор пат досега, при што се очекува температурите да се приближат до 40 степени Целзиусови во некои делови од Британија. Во Франција поради жештините има испади на електричната мрежа и прекини во напојувањето. Француската министерка за животна средина, Моник Барбут, изјави дека топлотниот бран во Франција може да продолжи до 14 јули. „Следната недела би требало да има релативна пауза“, изјави таа за францускиот радио канал Франс Интер. „Но, Метео Франс ни кажува…
Општина Центар ги обнови детските игралишта кај „Зебра“ во Капиштец и кај КАМ маркет во Дебар Маало, при што дотраените и оштетени реквизити се заменети со нови за да се обезбедат побезбедни и поквалитетни услови за игра и рекреација на децата. Градоначалникот Горан Герасимовски упати апел за зачувување на урбаната опрема , нагласувајќи дека јавниот простор е заедничка одговорност. „На барање на жителите побаравме засилено присуство на МВР на терен, особено во вечерните часови, кога има појава на вандализам и оштетување на детските игралишта. Во општината има околу 50 детски, спортски, маалски и училишни игралишта. Даваме сѐ од себе да…
Голем пожар што избувна во фабрика за пластика во областа Вотаникос во Атина продолжува да гори повеќе од 16 часа, а грчките пожарникари и натаму се борат да го стават огнот под контрола. Κατέρρευσε τμήμα της οροφής του εργοστασίου που έχει τυλιχθεί στις φλόγες, στο Αιγάλεω pic.twitter.com/0PMeok20ll — Kathimerini_Web (@KathimeriniWeb) June 23, 2026 Според грчката државна телевизија ЕРТ, пожарот сè уште не е изгаснат поради големата количина запалив материјал складиран во фабричкиот комплекс. Дополнителни проблеми за пожарникарите предизвикало и уривањето на дел од покривот на објектот поради високите температури, што го зголемило ризикот за екипите на терен. Во пожарот нема…
„Бенквоч“ е најголемата мрежа на еколошки организации и здруженија за човекови права во Централна и Источна Европа. Извештајот се осврнува на неспроведувањето на прописите за емисиите на сулфур диоксид (SO₂) од застарените термоцентрали на јаглен во Западен Балкан, чии емисии лани ги надминале законските ограничувања. Термоцентралите во Босна и Херцеговина забележале најголеми емисии на сулфур диоксид – 196.940 тони, што е 12,7 пати над дозволеното ниво. Следува Србија со 177.756 тони, односно 5,1 пати над пропишаната граница. Во целиот регион на Западен Балкан емисиите на сулфур диоксид од 2018 година наваму се намалиле само незначително. Граничните вредности за емисиите во…
СДСМ преку соопштение бара итна реакција од надлежните институции по објавените информации за наводна поврзаност на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, со компанија регистрирана во Бугарија. Од опозициската партија велат дека според документи објавени во бугарски медиуми, Јанушев е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил, чија основна дејност е патен линиски превоз на стока. Според СДСМ, во сопственичката и управувачката структура на компанијата се појавуваат лица блиски до кругот на ВМРО-ДПМНЕ, а воедно посочуваат дека во јавно достапните анкетни листови доставени до Државната комисија за спречување на корупцијата нема податоци за пријавена поврзаност на Јанушев…
