НАЈНОВО
Автор: Press Online
Со поддршка на НАТО, Центарот за управување со кризи (ЦУК) започнува повеќегодишен проект кој треба да придонесе за модернизација и изградба на современ и интегриран систем за управување со кризи во земјава. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, го потпиша договорот за реализација на проектот „Интероперабилен систем за командување со инциденти управуван од вештачка интелигенција за прекуграничен одговор при кризни и итни состојби (NICS-2)“, кој се спроведува во рамки на НАТО-програмата „Наука за мир и безбедност“. Од ЦУК велат дека по многу години, првпат сериозно, со јасна визија и силна меѓународна поддршка, почнува процесот за изградба на современ и интегриран систем…
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека температурите во Европа растат двојно побрзо од глобалниот просек, што бара забрзана акција за климатските промени, со што се зголемува веројатноста и интензитетот на екстремни топлотни бранови во иднина. Тој на платформата Икс напиша дека не можеме да си дозволиме понатамошни одложувања. „Податоците се јасни: температурите низ Европа растат приближно двојно повеќе од глобалниот просек, зголемувајќи ја веројатноста и сериозноста на идните екстремни топлотни бранови“, рече Тедрос. Тој изјави дека топлотниот бран во Европа принудува затворање на училишта и го загрозува здравјето на луѓето и истакна дека…
На територијата на државата до 18 часот се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, еден пожар е ставен под контрола, а седум пожари се изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активен пожар има во Штип каде што гори депонија, а под контрола е ставен пожар во општ ините Свети Николе и Лозово – село Делисинци и село Сарамзалино каде што гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во Општина Куманово – улица Ѓуро Пуцар број 38 (ниска вегетација), Општина Чашка – село Чашка (ниска вегетација), Општина Демир Хисар – село Обедник…
МВР информира дека вчера попладне во 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Рилски Конгрес“ во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н.(29) од скопско, кој паднал од ударот, а откако се подигнал. Според пријавеното, возачот на возилото „пежо“ го придвижил возилото и неколку пати удрил во мотоциклот, како и во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.О.(44). Потоа, според пријавеното, Г.Н. се фатил за предната врата на возилото „пежо“, но тоа продолжило да се движи…
Надзорниот орган на Меѓународниот кривичен суд (МКС) заклучи дека главниот обвинител Карим Кан имал несоодветен сексуален однос со помлад член на персоналот и препорача негово разрешување, се наведува во документ до кој дојде Ројтерс. Ова е првпат деталите за одлуката за обвинувањата за недолично однесување поднесени од адвокат во 2024 година против Кан, 56-годишен британски адвокат, да бидат објавени јавно, вклучително и препорака да му биде одземена дозволата. Одлуката на извршното биро на управното тело на МКС ќе влијае на гласањето за негово разрешување во Собранието на земјите-членки, во Њујорк на 24 јули. Кан постојано негираше дека сторил какво било…
Собранието не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од Левица, откако по завршениот претрес 77 пратеници гласаа, од кои 58 беа против, а 19 за. Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, сумирајќи ја интерпелацијата оцени дека „Република Северна Македонија е небезбедна држава поради нејзиното Министерство за внатрешни работи“ и дека „апаратот за обезбедување на граѓаните не функционира како што треба“. – Вистината е дека општата ситуација во Македонија не е таму каде што треба да е. Македонија е небезбедна држава поради нејзиното Министерство за внатрешни работи кое не прави структурални промени да ја обезбеди…
Со меѓусебни обвинувања за партизација, непотизам и политички манипулации, во Собранието се водеше расправа по интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од Левица. Образложувајќи ја интерпелацијата, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, оцени дека Тошковски е пример за политички опортунизам и тврдеше дека неговата кариера напредувала со поддршка од партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ. Тој упати обвинувања и за непотизам во Министерството за внатрешни работи, посочувајќи дека блиски лица и роднини добивале унапредувања и привилегии, а институцијата повторно била претворена во партиски инструмент.Апасиев обвини и за ширење на корупцијата во полициските редови, како и за префрлање на…
Руските власти се подготвуваат да започнат со увоз на бензин од Индија во голем обем за да се справат со недостигот на гориво во земјата, според нацрт-амандманите на Даночниот законик насочени кон стабилизирање на пазарот на гориво. Според РБЦ, документот предвидува буџетски субвенции за нафтените компании што купуваат бензин во странство. Овие субвенции ќе функционираат во рамките на механизмот за амортизација воведен пред осум години за одржување на малопродажните цени на горивата. Индија стана најголем купувач на поморски товари руска нафта од почетокот на војната со Украина. Минатата година купи 1,5-2 милиони барели дневно, а во…
Во Националниот парк „Плитвички Eзера“, како што ни беше кажано, веќе три дена се случува „кибер инцидент“, кој предизвика големи тешкотии во работата. Управата на Националниот парк тврди дека клучните деловни процеси сè уште функционираат, но неофицијалните информации од вработените и гостите укажуваат на значително посериозни прекини на терен. Оние што се отворени прифаќаат само готовинаНекои од објектите се затворени, а оние што се отворени прифаќаат само готовина, што предизвикува големо незадоволство кај гостите. Фактот дека фактурите се издаваат рачно во објектите што се отворени, исто така, предизвикува голема конфузија. Управата на Националниот парк ни потврди дека инцидентот започнал пред…
Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
Случајот, како што информираат од МВР, е пријавен вчера во 18:20 часот во СВР Скопје. -Пријавено е дека на улица „Рилски Конгрес“ во Црниче, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н.(29) од скопско, кој паднал од ударот, а откако се подигнал, според пријавеното, возачот на возилото „пежо“ го придвижил возилото и неколку пати удрил во мотоциклот, како и во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.О.(44). Потоа, според пријавеното, Г.Н. се фатил за предната врата на возилото „пежо“, но тоа продолжило да…
На лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго, која моментално е погодена од голема епидемија на ебола, му е дијагностицирана болеста во Франција. Франција е првата земја надвор од Африка што потврди случај на инфекција на нејзина територија во епидемијата. Претходните сомнителни случаи во Бразил и Италија не се потврдени. Епидемијата, која во помал степен ја погоди и Уганда, е од редок сој на вирусот познат како „Бундибуџо“ за кој не постои вакцина или специфичен третман. Француското Министерство за здравство денеска соопшти за „идентификација на првиот потврден случај на заболување од вирусот ебола во земјата“. „Пациентот, кој се вратил…
Образложувајќи ја интерпелацијата, Апасиев рече дека Тошковски е типичен пример за политички опортунизам и кадар изграден во структурите на ВМРО-ДПМНЕ, чија кариера напредувала благодарение на партиски врски и влијанија. Најострите критики, сепак, беа насочени кон неговата адвокатска и бизнис кариера пред да стане министер. Според Апасиев, Тошковски бил фаворизиран адвокат на функционери и структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ, застапувајќи високи партиски функционери и лица обвинети во предмети на поранешното Специјално јавно обвинителство. Апасиев оцени дека Тошковски, кој повеќе од две години е на чело на Министерството за внатрешни работи, наместо да воведе ред во институцијата, ја претворил во „фамилијарна тезга“ во…
