НАЈНОВО
Автор: Press Online
Сè појасно станува дека прашањето за Јавниот обвинител станува клучен политички судир во државата: правници предупредуваат дека земјата има потреба од обвинител со кредибилитет, избран дури и со меѓународна поддршка, а од СДСМ директно го обвинуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека се обидува да постави обвинител под негова контрола.Ќенан АлиуПравникот Ќенан Алиу во изјава за Фронтлајн оцени дека успешната интерпелација за јавниот обвинител не значи автоматско разрешување, но претставува политичко делегитимирање од страна на Собранието – со или без основа.– Кај нас, секогаш кога се менува власта, се менува и јавниот обвинител. Сметам дека обвинителот треба и верувам дека…
2 Новак Ѓоковиќ сè уште ужива во одмор по поразот во полуфиналето на Вимблдон од Јаник Синер. Минатата недела беше во Црна Гора и Хрватска, а моментално престојува на грчкиот остров Миконос, во друштво на сопругата Јелена, децата Стефан и Тара, како и најмалиот брат Ѓорѓе со неговото семејство. Неколку дена откако ја напушти Корчула, се појави снимка на која Нолее во улога на – шеф на кујна. Во еден познат ресторан на Пељешац, кој претходно го посетил и Дејвид Бекам, најдобриот тенисер на сите времиња му помагаше на шефот Антонио Тони Бјеланчич – познат како шеф Бјелко – да…
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека неговата администрација постигнала договор со Пакистан според кој Вашингтон ќе соработува со Исламабад за развој на огромните нафтени резерви на оваа јужноазиска земја.-Тукушто потпишавме договор со Пакистан според кој Пакистан и САД ќе соработуваат за развој на огромните нафтени резерви на земјата, напиша Трамп на социјалните медиуми.„Моментално сме во процес на избор на нафтена компанија што ќе го води ова партнерство“, додаде тој.Минатата недела, пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар изјави дека САД и Пакистан се „многу блиску“ до трговски договор што би можел да се склучи во рок од неколку дена…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера го прими Томас Бирн, државен министер за европски прашања и одбрана на Ирска со кого размениле мислења за севкупните билатерални односи, како и за процесот на пристапување кон Европската Унија.Како што се наведуав во соопштението од кабинетот на Претседателката, Сиљановска – Давкова оценила дека политичките односи се пријателски и без отворени прашања, но со скромна динамика и посочила на потребата од интензивирање на контактите на највисоко политичко ниво. Таа ја истакнала потребата за поголема економска соработка и трговска размена меѓу двете држави.-Сиљановска-Давкова се заблагодари за принципиелната и континуирана поддршка од Ирска за нашите аспирации за членство…
Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општините Сопиште, Аеродром и Студеничани.Во периодот од 07:00 до 16:00 часот, струја ќе немаат корисниците од последна автобуска станица 24-ка до маркетот „ДАВИДОВ“ во општина Сопиште, а од 13 до 15 часот корисниците од викендиците Дражилово, ХПП Патишка Река и Крас Јаболце.Од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Ѓорѓи Капчев“ во општина Аеродром, а од 09:30 до 12:00 часот дел од корисниците на селото Морани во општина Студеничани.
5 Леброн Џејмс, кој влегува во својата рекордна 23-та НБА сезона, предизвика бран ентузијазам на социјалните мрежи – и не поради спектакуларно забивање или тројка во последната секунда, туку поради неговото навидум целосно променето тело. Видеата од неговите утрински тренинзи, вклучувајќи го и она каде што влегува во теретана во 4:49 часот наутро, предизвикаа огромен интерес кај навивачите на НБА. Многумина забележаа дека изгледа повитко, побрзо и полесно отколку во претходните години, вклучувајќи го и инсајдерот на Лејкерси, Ентони Ф. Ирвин. „Секогаш е тешко да се каже од овие видеа, но дали Леброн изгледа послаб овде?“ прашува Ирвин. Навивачите брзо…
21 Два хеликоптера на военото воздухопловство на Бугарија и четири хеликоптера испратени на помош од партнерски држави, заедно со стотиците луѓе на теренот, и по неколку дена од избивањето, не успеваат да го зауздаат големиот пожар на Пирин Планина. Пожарот е на потегот на градовите Сандански и Симитли, односно во линија на териториите на македонските општини Пехчево и Берово. Бугарија: Пожарот на Пирин се насочува повторно кон Струмјани и Сандански Ноќеска беше евакуирано целото село Плоски. Полицијата и жандармеријата денеска им дозволија на селаните да се вратат само за да си ги видат домовите и имотите и стоката. Тие беа…
5 Доминиканските власти запленија над 1,6 тони кокаин во голема антинаркотична акција спроведена во водите кај провинцијата Педерналес. Операцијата, која траела повеќе од 12 часа, била координирана од обвинителството, а во неа учествувале единици на Дирекцијата за контрола на дрога (ДНЦД), морнарицата, воздухопловните сили и разузнавачките служби, пренесува Си-Би-Ес. Пресретнат бил глисер, опремен со два мотори од по 250 коњски сили, во кој биле пронајдени 1.536 пакети со црни кеси. Лабораториските анализи потврдиле дека се работи за вкупно 1.611 килограми кокаин. Уапсени се тројца државјани на Доминиканската Република и еден Колумбиец. Покрај дрогата, запленети се и комуникациска опрема, гориво, лични…
45 Август 2025 година носи интересни случувања во финансиската сфера. Венера, планетата на парите и вредностите, ќе го помине поголемиот дел од месецот во Рак и ќе влезе во Лав кон крајот на август, што носи добри инвестиции. Меркур ќе биде ретрограден од 11 август, па затоа се препорачува претпазливост при потпишување договори и правење големи купувања. Јупитер во Рак нуди можност за остварување добивки преку семејни бизниси, недвижности и традиционални вредности. Еве кои пет хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во месец август Овен Финансиите се стабилни, но ретроградниот Меркур предупредува на неочекувани трошоци. Можен е прилив на пари преку…
11 Во одронување карпа утрово близу Фоча, БиХ, едно лице го загубило животот. Имено, Полициската управа Фоча утрово во 9:15 часот добила повик за несреќа кај местото Сијерачке Стијене, Миљевина, кога на автомобил „опел“ паднала одронета карпа, при што совозачот го загубил животот, а возачот бил повреден.
6 Продажбата на дресовите на новото засилување на Арсенал, Виктор Ѓeкереш, го сруши претходниот рекорд на клубот. Иако податоците од различни извори и трговци на мало сè уште се анализираат, веќе е јасно дека побарувачката за дресот со број 14 на Ѓeкереш е поголема од онаа генерирана од кое било друго засилување во поновата историја на клубот. Ѓекереш (27) го заврши својот трансфер во Арсенал на 26 јули за почетна цена од 63,5 милиони евра (54,8 милиони фунти/74,2 милиони долари), по што веднаш отпатува во Азија за да се придружи на тимот на предсезонската турнеја во Сингапур и Хонг Конг.…
6 Несоодветно е да се одбележуваат годишнините од контроверзниот концепт на „одговорност за заштита“ во Генералното собрание на ОН, нагласи портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потсетувајќи на бомбардирањето на Југославија. На 25 јуни и 1 јули оваа година, Генералното собрание на ОН ги одржа своите годишни дебати на државите за извештајот на генералниот секретар на ОН за концептот на „одговорност за заштита“, подготвен по повод 25-годишнината од доктрината, потсети Захарова. Поддржувачите на концептот, претставени од генералниот секретар на ОН и западните земји, го пофалија на секој можен начин, рече таа. Таа додава дека рекле дека хуманитарните…
