Автор: Press Online

15 Полициската управа Целје попладнево соопшти дека сите пет загинати во тешката сообраќајка што се случила претполаднево, кога комби удрило во застанат шлепер, биле патници во комбито, во кое се претпоставува дека имало седум лица. Возачот на комбито, украински државјанин е тешко повреден. Причината за несреќата е неприлагодена брзина, појасни инспекторка од ПУ Целје, но напомена дека увидот уште трае. Несреќата се случила кај одмориштето Тепање во близина на градот Велење. Пред 10 часот 10.30 часот, на автопатот Љубљана – Марибор во близина на излезот за Словенске Коњице, во правец кон Љубљана, комбито удрило во шлеперот што стоел поради застој.…

Read More

Ирска отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на ЕУ засновано на заслуги, порача денеска од Скопје ирскиот министер за европски прашања и одбрана, Томас Бирн на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.Бирн, чија земја го презема претседавањето со Советот на ЕУ во втората половина на следната година, нагласи дека членството во ЕУ ја трансформирало Ирска на економски и социјален план и и донело просперитет. Тој додаде дека за време на претседавањето на Ирска со ЕУ проширувањето ќе биде навистина мошне битен приоритет.-Членството на ЕУ го зацврсти местото на Ирска на светската сцена и би рекол дека нашиот…

Read More

 Сопственикот на Сандерленд, Кирил Луис-Драјфус, лично го убедил Гранит Џака да се пресели од Баер во англискиот клуб, објавува „Блик“.Триесет и двегодишниот Швајцарец ќе добива плата од 75 илјади фунти неделно во англискиот клуб, а воедно ќе биде и нов капитен на тимот.Претходно, инсајдерот Фабрицио Романо објави дека Сандерленд ќе плати 20 милиони евра за Џака, и покрај фактот дека главниот тренер на Баер, Ерик тен Хаг, е против заминувањето на играчот.Во сезоната 2024/25, Џака одигра 49 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и седум асистенции.

Read More

0 Американската актерка и пејачка Кејти Пери и канадскиот политичар Џастин Трудо биле видени заедно на вечера во ресторанот „Le Violon“ во Монтреал. Имено, нивното заедничко излегување привлече големо внимание во јавноста, особено затоа што се случило само еден месец по раскинувањето на Пери со нејзиниот долгогодишен партнер Орландо Блум. TMZ releases photo of Katy Perry & Justin Trudeau having a drink on terrace. pic.twitter.com/GZTYgLDBKj — Pop Crave (@PopCrave) July 29, 2025 Според странските медиуми, Пери и Трудо седеле еден спроти друг до прозорец, уживајќи во опуштена атмосфера, коктели и разновидни јадења. За време на вечерата, шефот на кујната наводно…

Read More

Министерот за здравство Азир Алиу информираше денеска дека за хонорарците од Клиничката болница во тек е вториот конкурс за административни работници.По завршувањето и на тој конкурс ќе чекаат извештај од болницата за да се тестираат кандидатите. Тој соопшти дека како Министерството за здравство, ги завршиле административните процеси за медицинскиот персонал, доктори и медицински сестри– Тој конкурс веќе заврши, чекаме од болницата да ни пратат извештаи за да може да се процесира понатаму од наша страна со испитите за доктори за медицински сестри. Вториот конкурс сè уште е во тек, тоа е за административни работници. Крајно време беше институцијата да биде…

Read More

0 Еден од шефовите на „Група Америка“, најдолговечниот криминален клан на Балканот, е пронајден мртов во својата ќелија во затвор во Перу. Како што јавува перуанскиот онлајн-медиум „La Republica“, обвинителството и полицијата работат на истражување на причините за смртта на Зоран Јакшиќ, во чија криминална биографија се вклучени и создавање на една од најголемите мрежи за шверцување кокаин од Јужна Америка во Европа, користење повеќе од 40 лажни идентитети и три обида за бегство од затвор. Јакшиќ, водач на „Група Америка“ служеше 25-годишна затворска казна во „Немезис“, најстрого чуваниот затвор во Перу. Бил пронајден мртов при редовна контрола на ќелиите.…

Read More

Меѓународната конференција на ОН за решавање на израелско-палестинскиот конфликт преку создавање две држави заврши, при што 17 земји повикаа на крај на владеењето на Хамас во Појасот Газа и на конкретни акции за прекин на војната.На форумот, свикан од Генералното собрание на ОН и копретседател на Париз и Ријад во седиштето на светската организација во Њујорк, присуствуваа десетици министри од голем број земји.-Се согласивме да преземеме колективни акции за прекин на војната во Газа со цел да постигнеме праведно, мирно и трајно решавање на израелско-палестинскиот конфликт врз основа на ефикасно спроведување на решението за две држави, се вели во завршната…

Read More

Дел од патот Градско – Прилеп целосно ќе биде затворен за сообраќај од 3 август, информираат денеска од Јавното претпријатие „Македонијапат“.– Поради изведување градежни активности на Вијадукт на Сарачки дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат – од раскрсница кај бензинска станица „Лукоил“ до клучка кај бензинска станица „Салида“, ќе биде целосно затворен за сообраќај од 3 август, недела, од седум часот до 6 август, среда, се наведува во соопштението.Како што се појаснува, сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп.

Read More

Во пресрет на денешната седница на Економско-социјалниот совет, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов ги повика пратениците пред локалните избори по брза постапка да изгласаат вонредно зголемување на минималната плата.– Денес е добра можност Владата да покаже дека се грижи за работниците, а пратениците пред распишување на локалните избори да донесат брзи законски измени и да утврдат минимална плата од 500 евра, ако не …, напиша Трендафилов на Фејсбук.Сојузот на синдикати, како што изјави Трендафилов на последната прес-конференција, ќе го покрене прашањето за зголемување на минималната плата на 500 евра и на сите останати плати за 6.000…

Read More

12 Навивачите на српскиот фудбалски клуб „Црвена Ѕвезда“ познати како „Делије“ (Делии) се судрија со полицијата во пресрет на реванш мечот на белградскиот тим со „Линкониа“ од Гибралтар. Novi snimci nereda koje su zabeležili naši reporteri, pratite događaje na sajtu Sport kluba! „Pucaju topovski udari, Delije skandiraju: ‘Bijete narod za male pare, štitite lopove’. Jako je tenzično, bez obzira na jake policijske snage navijači se i dalje ‘zaleću’ na njih“,… https://t.co/212vIacXk2 pic.twitter.com/DhQIJX2VAF — Sport Klub (@sportklub) July 29, 2025 Првиот меч заврши со 1:0 за белграѓани. Двата клуба играа во вториот круг на квалификациите за Лигата на шампионите. “Velika tuča…

Read More

Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ќе го носи дресот со број 10 од следната сезона, објави денеска шпанскиот клуб.Во својата дебитантска сезона во Реал, Мбапе лани го носеше дресот со бројот 9.Од 2017 година, дресот со бројот 10 во Реал го носеше хрватскиот играч од средниот ред Лука Модриќ, кој го напушти тимот на крајот од минатата сезона.Со текот на годините, дресот на Реал Мадрид со број 10 го носеле освојувачот на Златната топка во 1958 година, Рејмон Копа, олимпискиот шампион во 1952 година Ференц Пушкаш, петкратниот шпански шампион и трикратен освојувач на Лигата на шампионите, Фернандо Иеро,…

Read More

Активни се три пожари на отворен простор од евидентирани 28 на територијата на државава во изминатото деноноќие, под контрола се пет, а 20 се изгаснати.Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово, поточно во село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини, во прилепското село Бешиште, на место викано Бешишки Рид, друг крак кон село Градешница во општина Новаци и трет крак кон границата со Грција.Од ЦУК велат дека не се интервенира поради детонации. Активен пожар има и во селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен во општина Прилеп, како…

Read More