Автор: Press Online

Премиерот на Полска, Доналд Туск, денеска изјави дека земјата, според прелиминарните проценки, би можела да претрпи загуби од околу 2,16 милијарди долари поради новите американски царини на европските производи, но оцени дека договорот со Вашингтон е подобар од трговска војна. – Загубите ќе бидат значајни од двете страни на Атлантикот, но подобар е остар трговски договор отколку бесмислена царинска војна меѓу сојузниците, напиша Туск на X. САД завчера постигнаа рамковен трговски договор со Европската унија, воведувајќи увозна царина од 15 отсто на поголемиот дел од стоката од ЕУ, со што се спречи поголем трговски конфликт меѓу двата сојузника кои сочинуваат…

Read More

5 Судот на ОН за воени злосторства во вторник го отфрли барањето на поранешниот генерал на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој отслужува доживотна казна затвор за неговата улога во војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година, веднаш да биде пуштен во Србија од здравствени причини. Во одлуката објавена на веб-страницата на судот, судот наведува дека здравствената состојба на Младиќ, иако неизвесна, е стабилна и дека за него се води добра грижа во затворот во Хаг. Специфичните медицински состојби на 83-годишниот поранешен генерал, осуден за геноцид и злосторства против човештвото, се редигирани во судските документи, но е познато…

Read More

Влијанието на Кина не застанува на нејзините граници. Се протега преку медиумски партнерства, договори за развој и програми за културна размена што ги реплицираат или приспособуваат истите наративи што Кина ги промовира во внатрешноста, пишува Џабир Дерала во анализата „Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин“, чиј контекст е во однос на начинот на претворувањето на „меката моќ“ во оружје на хибридната војна со помош на пропагандата и трговијата на Пекинг со Москва. „Во многу земји, особено оние со ниско ниво на медиумска слобода или авторитарни тенденции, локалните медиуми само ги повторуваат кинеските и руските дезинформации, прикажувајќи…

Read More

9 Играчот на Астон Вила, Оли Воткинс, и Бенџамин Сешко од РБ Лајпциг се на врвот на листата на желби на Манчестер Јунајтед доколку клубот одлучи да потпише напаѓач во летниот преоден рок. Постои консензус меѓу раководството на Јунајтед дека, доколку сакаат да доведат нов играч, клубот мора да ги ослободи оние на кои не сметаат, што можеби нема да се случи пред затворањето на преодниот рок на 1 септември, објави Би-Би-Си. Сешко и Воткинс се на врвот на листата, но управата нема да има лесна задача да ги доведе. Астон Вила не е заинтересирана за продажба на Воткинс и…

Read More

СДСМ остро се спротивставува на скандалозниот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција, кој денеска е во второ читање во Собранието, а е предложен од Панче Тошковски,  изјави денеска Миле Талески – пратеник од СДСМ на прес-конференција што МИА ја пренесува интегрално, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ. Ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се освестат и да не гласаат. Затоа што и тие ќе бидат следни на удар на системот што сега слепо го поддржуваат. Како што никој не беше поштеден во времето на Груевски, така и сега Тошковски подготвува режим во кој секој што нема да…

Read More

Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови, специјални таблици во боја, соопшти владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР). Оваа одлука, како што се посочува, е донесена на денешната владина седница, по иницијатива на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски. – Целта на оваа мерка е јасна: зголемување на транспарентноста, отчетноста и воспоставување контрола во користењето на службените возила. Обележувањето на возилата ќе овозможи граѓаните лесно да ги разликуваат од приватните, со што ќе се спречи нивна…

Read More

Министерството за образование и наука вчера објави два јавни повика до наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта за доставување барања за кариерно напредување. Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека е многу важно што првпат огласот се однесува и за унапредување на стручните соработници. -Тоа досега не беше вообичаено. Значи, во основното образование ќе напредуваат наставници во ментори, веќе избраните ментори во советници, а стручните соработници првпат во ментори. Во средното образование првпат ќе има кариерно напредување, ќе има и за наставниците, и за стручните соработници, унапредување во ментори. Јас сум среќна што го откочивме овој процес, благодарение…

Read More

Од крајот на јуни 2025 година, локалните жители и еко-активисти започнаа долготрајна граѓанска блокада на патот кон Кожуф и реката Дошница, спречувајќи градежни машини да пристигнат до локацијата на планираните две мали хидроцентрали. Според нив, одлуката за изградба на хидроцентралите е направена без транспарентност и со концесии доделени во сомнителни околности. “Нема да ви дозволиме да ги исечете вените на Кожуф,” е еден од слоганите на протестите, со кој граѓаните симболично укажуваат на штетноста од интервенциите врз природата. Граѓаните се жалат дека не биле информирани за проектот сè до дека не стигнале багерите. Активистите предупредуваат дека проектот ќе ја деградира реката Дошница…

Read More

Светската програма за храна на Обединетите нации (ВФП) денеска соопшти дека во Појасот Газа влегува само околу 50 отсто од бараната хуманитарна помош, и покрај најавите за секојдневни хуманитарни паузи во борбите. – Откако во неделата почнаа хуманитарните паузи, во Газа влегува приближно половина од помошта што ја бараме, изјави Рос Смит, претставник на ВФП. Според проценките на ВФП, речиси 470.000 луѓе се наоѓаат во услови слични на глад, меѓу кои 90.000 жени и деца на кои им е потребна специјализирана исхрана. Интегрирана класификација на фазата на безбедност на храната (ИПЦ) денеска предупреди дека во Газа се развива најлошото можно…

Read More

19 Долната облека што се пере на температури пониски од 60 степени може да биде полна со бактерии на деловите што доаѓаат во директен контакт со интимните делови од телото, а експертите објаснуваат како правилно да се пере оваа долна облека. Како што вели д-р Лиза Акерли, многу луѓе забораваат дека машината за перење алишта не е стерилизатор. „На пониски температури, многу штетни бактерии преживуваат и можат да се пренесат од еден дел од облеката на друг“, вели д-р Акерли. Ова е особено загрижувачко кога долната облека се пере заедно со кујнски крпи и пешкири, бидејќи се јавува контаминација, каде…

Read More

Вкупно 58 европратеници испратија писмо до лидерите на ЕУ со барање за „значајни акции“ против Израел, како одговор на необврзувачката резолуција усвоена во израелскиот Кнесет со која се бара анексија на Западниот Брег. Во писмото адресирано до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, се отфрла идејата за „наметнување израелски суверенитет над окупираните палестински територии“, со оценка дека тоа би претставувало кршење на меѓународното право. – Иако не е обврзувачка, резолуцијата претставува опасна ескалација и е дел од поширока стратегија…

Read More

Десетмесечно бебе вчера било донесено во Општата болница Куманово со симптоми на труење со лекови, потврдија од СВР Куманово. – Вчера во 11:40 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено десетмесечно бебе од Куманово, кое било затруено со лекови. Извршен бил службен разговор со лекарот и родителите и за настанот бил запознаен јавен обвинител, соопшти СВР Куманово. Од болницата за МИА потврдуваат дека бебето е во добра здравствена состојба. СВР Куманово работи на расчистување на случајот, кој е втор за неполни две недели. На 22 јули годинава имаше сличен случај кога едногодишно…

Read More