Автор: Press Online
15 Визијата звучи привлечно – се качувате на воз во Њујорк и слегувате 54 минути подоцна во Лондон, откако ќе поминете низ тунел под Атлантскиот Океан. Такво патување е опишано во некои неодамнешни предлози. Но, дали трансатлантски тунел е навистина можен, или е само научна фантастика? Краткиот одговор е – веројатно не е можно со сегашната технологија. Во моментов, најдолгиот подводен тунел во светот e тунелот под Ла Манш, кој има подводен дел од 37,9 километри и ги поврзува Англија и Франција. Неговата изградба траела шест години, вклучувала 13.000 работници и чинела 4,65 милијарди фунти (16 милијарди долари) во 1994…
14 Според сервисот „Severe Weather Europe“, североисточна Романија, северот на Молдавија и југозападот на Украина се под најголема опасност од силни невремиња денеска, со органски ветришта, многу силни дождови и поројни поплави. Невреме рано утрово го зафати и северното крајбрежје на Хрватска, а се очекува во текот на денот да се спушта сѐ до јужна Далмација. Невреме во Хрватска: 2.500 громови за два часа, поројни дождови, поплави и силен ветер долж брегот Големиот бран заладување на Балканот со невремиња на многу места се должи на судирот на многу топлиот и влажен воздух од Средоземното Море со огромната студена воздушна маса…
8 Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, повторно се изјасни за иднината на Александар Исак. Шведскиот напаѓач беше изоставен од предсезонската турнеја на тимот откако изрази желба да се пресели. Ливерпул е заинтересиран за неговиот потпис, но според Хау, немало формална понуда за Исак на „Сент Џејмс Парк“. Менаџерот нагласи дека Њукасл има одредена контрола врз иднината на напаѓачот бидејќи има договор со клубот, но потоа призна дека иако самиот сака Исак да остане во клубот, тоа не зависи од него. „Тој е сè уште наш играч и има договор со нас. До одреден степен ние контролираме што ќе му се…
11 Новинари од неколку британски медиуми објавија дека Израел им забранил да ја снимаат Газа од авионот што доставувал воздушна помош на гладното население. Треба да се истакне дека помошта од воздух е недоволна и дека повеќе личи на маркетиншка кампања отколку на намера за помош. Репортерката на „Скај њуз“, Сали Локвуд, која била на лет на Кралските јордански воздухопловни сили, опишала дека видела километри и километри сиви урнатини. „Ни е кажано дека израелската страна предупредила дека секое снимање од воздух на Газа може да резултира со откажување на овие летови за помош. Но, цврстата контрола на Израел не го…
8 Седум лица беа осудени во Грција за измамите со земјоделските субвенции, јавија грчките медиуми. Вкупно седуммина Грци што беа обвинети за фалсификување документи со кои незаконски зеле земјоделски субвенции од ЕУ се прогласени за виновни, но конечните пресуди уште не се изречени. Обвинетите ја признаа вината и ги вратија на државниот буџет незаконски земените евра, во обид да се изборат за пониска казна. За случајот познат и како „Бананите на Олимп“, се дискутира и во грчкиот парламент. Според досега утврденото, подолго време се одвивала систематска злоупотреба на субвенциите, во што учествувале и поранешни министри за земјоделство од редовите на…
11 Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека ќе воведе царини за Русија за 10 дена ако Кремљ не се согласи да ја заврши војната дотогаш, според аудио-снимка објавена од Белата куќа. Се очекува царините што ги спомена Трамп да бидат секундарни санкции за земјите што купуваат руска нафта, гас и други производи, како што се Кина и Индија. „За 10 дена од сега. Потоа ќе воведеме царини и слични работи. Не знам дали тоа ќе влијае на Русија, бидејќи тој (рускиот претседател Владимир Путин) очигледно сака да ја продолжи војната, но ние ќе воведеме царини и слични работи“, рече…
8 Напаѓачот на Реал Мадрид не сака да слушне за понуда од англиската престолнина, иако Тотенхем се распрашува за него. Бразилскиот фудбалер би можел да ги напушти „Лос Бланкосите“ ова лето, а гласините за неговото заминување од стадионот „Сантијаго Бернабеу“ се се погласни. Се чини дека тој нема ништо против промена на средината и поважна улога во тимот, но јасно ги постави своите стандарди. Актуелниот освојувач на Лигата на Европа сакаше да ја искористи можноста и да доведе големо засилување пред да се врати во Лигата на шампионите по три години, меѓутоа, веднаш е јасно дека ништо нема да произлезе…
9 Босна и Херцеговина изгуби повеќе од 620.000 жители од последниот попис во 2013 година, што е последица на масовната емиграција и намалениот природен прираст во земјата која има бројни политички и економски проблеми, беше објавено денес во Сараево. Збирката трудови „Демографски промени во Босна и Херцеговина од 2013 до 2024 година“ ја презентираше Академијата на науките и уметностите на БиХ и во неа се наведува дека трендот на масовно иселување, особено на младите луѓе, е особено загрижувачки. БиХ го спроведе својот единствен повоен попис во 2013 годинаПовеќе од половина од граѓаните по потекло од БиХ денес живеат во странство.…
За филмот Interstellar, Кристофер Нолан засадил над 200 хектари пченка само за потребите на филмот, бидејќи не сакал да користи CGI (Computer-generated imagery) за фармата. По снимањето, ја продал пченката и направил профит, со што повратил дел од буџетот на филмот.
7 Цариниците забележале жена која изгледала нервозно и вознемирено, и иако тврдела дека нема што да пријави, властите се сомневале во нејзините зборови. Спакувани во чорапи По претресот, нивните сомневања биле потврдени, бидејќи младенчиња питони од загрозен вид биле пронајдени во градникот на жената! Објавеното видео ги прикажува змиите како се спакувани во чорапи, потоа во градник, а службениците ги ослободиле и ги ставиле на маса, објавува „Метро“. Жената била однесена на испрашување, каде наводно признала дека имала намера да ги продаде змиите во Кина. Влекачите биле конфискувани, а истрагата продолжува. Заштитен вид Поседувањето на овој вид питон како домашно…
Собранието денеска со 71 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“ ја прифати интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од Левица. Собранието изгласа и заклучок – Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се основани. Овој заклучок да се достави до Владата и до државниот јавен обвинител. Во интерпелацијата на Левица доставена до претседателот на Собранието Гаши, е наведено дека ја поднесуваат поради непочитување на уставните и законските обврски. -Интерпелацијата ја засноваме на следниве индиции, факти и правно-релативни наводи: селективни кривични истраги за трагедијата во Кочани, логистички…
1 Преседателот на Партијата за демократска акција (СДА) и поранешен член на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, ја коментираше ситуацијата во Газа, остро критикувајќи ги израелските лидери и нивниот став кон Палестинците. „Евреите се народ кој ги доживеал најтешките искушенија. Тие доживеале прогон и протерување, присилно преселување, затворање во гета низ цела Европа, затворање во концентрациони логори за време на нацистичката ера, најстрашниот геноцид наречен Холокауст тотално уништување“, рече Изетбеговиќ. „Нација која поминала низ сето тоа и која ја темели својата вера и поглед на светот на Десетте Божји заповеди, не требало да им дозволи на своите лидери да извршат…
