НАЈНОВО
Автор: Press Online
Полициски службеници од ОВР Неготино вчера во 18 часот го лишиле од слобода Н.М.(71) од Демир Капија поради сомнение дека во два наврати предизвикал пожари. Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека во 10 часот предизвикал пожар на место викано „Горна Лака“ во близина на Демир Капија, од кој биле зафатени сува трева, нискостеблеста шума и два лозови насади. Исто така, тој се сомничи дека околу 15 часот во близина на истото место предизвикал пожар од кој биле зафатени шума и земјоделска површина. Пожарите биле изгаснати од екипа на Територијалната противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема. Н.М. е…
Според новиот договор за консултации меѓу двете американски компании, кој беше склучен на 1 јули 2025 година, „MO Strategies, Inc.“ ќе помага во претставувањето на Владата на САД за прашања идентификувани од властите на Република Српска, објави Радио Сарајево. Во договорот не е наведена институцијата што е носител на договорот во име на РС, но од информациите за адресата на Бан Милосављевиќ во Бања Лука, може да се заклучи дека тоа е Канцеларијата на претседателот на РС. Во договорот се наведува дека „MO Strategies, Inc.“ ќе добиваат 10.000 долари месечно за своите услуги од „Becker & Poliakoff“, но само кога таа…
Поранешниот американски претседател Барак Обама остро ги отфрли обвинувањата на неговиот наследник Доналд Трамп, кој повика на негово кривично гонење, тврдејќи дека Обама се обидел да организира „државен удар“ по победата на Трамп на изборите во 2016 година преку „фабрикување“ докази за руска интервенција. Канцеларијата на Обама издаде официјално соопштение во кое ги нарече обвинувањата „скандалозни“ и „очајнички обиди за одвлекување на вниманието“. Во ретката реакција, се наведува дека канцеларијата на Обама „вообичаено не се занимава со константните дезинформации што доаѓаат од оваа Бела куќа“, но оти ваквите тврдења „се доволно апсурдни за да заслужат одговор“. Обвинувањата на Трамп следуваа…
4 Италијанскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се воведува ново кривично дело во Кривичниот законик: фемицид, казниво со доживотен затвор. Новиот член 577-бис предвидува дека секој што ќе убие жена од омраза, дискриминација, контрола или затоа што е жена ќе биде казнет со доживотен затвор, објавува „Раи Уно“. Земјите од ЕУ размислуваат за ограничувања на возраста за користење на социјалните мрежи Во законот се наведува дека фемицидот се смета и за извршен кога мотивот е одбивање на жената да започне или продолжи емотивна врска и обид за ограничување на нејзините лични слободи. Законот предвидува укинување на 45-дневниот рок за…
Повеќе од кога било на светот му е потребно поблиско партнерство помеѓу ЕУ и Јапонија, изградено врз заеднички вредности и интереси, порача денеска во Токио претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во обраќањето на почетокот на Самитот ЕУ-Јапонија. – Јапонија е нашиот најблизок партнер во Индо-Пацификот. Партнерството ЕУ-Јапонија претставува стабилен модел на соработка што промовира мир, демократија и меѓународен поредок базиран на правила и мултилатерализам, рече Кошта. Тој нагласи дека клучен столб на европско-јапонските односи е партнерството во сферата на безбедноста и одбраната. – Ова партнерство е уште позначајно во еден се понестабилен и непредвидлив свет. Работиме заедно за да…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Ч. (42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност, соопшти МВР. На 20 04.2025, како што се наведува во соопштението, во негова нива во близина на регионалниот пат Струга- Калишта, тој запалил отпад, по што огнот се проширил на барака и на нискостеблеста вегетација. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга. ОВР Струга поднесе кривична пријава и против Ф.С.(59) од струшкото село Ливада поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 08.07.2025 обработувајќи нива во атарот на истото…
Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ за влез и на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се чека од 30 до 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, денеска од 8:00 – 17:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на регионалниот пат во село Доброшане кон Свети Николе до место викано Студена Вода ќе биде во прекин. Во период од 09:00 часот до 14.00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на стариот пат за Крива Паланка на потег на…
Постои институционална дискриминација во образованието, истакна денеска на прес-конференција Белинда Амити од Секторот за образование на Алијанса за Албанците на претседателот Арбен Таравари. Според неа, постои систематска дискриминација кон албанските образовни институции и намерно исклучување од проекти, фондови и стратешки развој на образованието во државата. Смета дека има и дискриминација кон албанските универзитети и училишта. -Во конкурсот за финансирање на научноистражувачки проекти од посебен научен и општествен интерес за 2025 година (вкупен буџет од 30,4 милиони денари) четири проекти му се припаѓаат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, еден проект на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и нула проекти…
Основниот кривичен суд Скопје, Здружението на судии на РСМ и приватната високообразовна институција Бреинстер Некст денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел воведување иновативни дигитални алатки и технологии базирани на вештачка интелигенција за подобрување на судските постапки и унапредување на пристапот до правдата. Студентите од Бреинстер Некст ќе учествуваат во практична работа во судот, развивајќи апликации кои ќе овозможатпренос на аудио записи од расправите во текстуален формат на македонски јазик, унапредена технологија за снимање аудио и видео, брзо и автоматско анонимизирање на судски пресуди, подобрување на веб-страницата и активна комуникација преку социјални мрежи. Во рамки на соработката, се гарантира заштита…
Во Тирана на плоштадот „Скендербеј“, денеска со почеток во 18 часот ќе се одржи протест за крај на израелската окупација на Газа, на протестот ќе учествува и активистката Грета Тунберг, пишуваат албанските медиуми. Во Приштина денеска ќе се одржи седница на која пратениците по 51-ви пат ќе се обидат да го конституираат собранието, а рокот што им го даде уставниот суд, истекува за три дена, пишуваа косовските медиуми. Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот. АЛБАНИЈА Еуроњуз: Албанија се приклучува кон глобалниот бран протести за Газа, Грета Тунберг ќе учествува на…
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) апелира до политичките чинители во земјава да ги почитуваат актуелните препораки за заштита од топлотниот бран. -Во услови на портокалово ниво на опасност од високите температури, Владата, меѓу другото, препорача да се избегнува престој на отворено во период од 11:00 од 17:00 часот – мерка која не ја почитуваат ниту владини претставници, ниту претставници на политичките партии, стои во соопштението на ССНМ. На пример, се додава, денеска коалицијата „Вреди“ организираше прес-конференција на плоштадот „Скендербег“ во Скопје во 12 часот, додека вчера, во Охрид, изјава за медиумите во 14 часот имал и министерот…
Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денес беше во работна посета на Граничниот премин Стар Дојран каде пренесе порака дека нашата држава се грижи, инвестира и одлучно стои на секој чекор од својата граница. „Со отворањето на две нови ленти за гранична контрола пред 2 месеци, овозможуваме побрз и поефикасен влез и излез за над 35.000 патници неделно, од кои повеќе од 21.000 се странски државјани. Брзината е зголемена, а времето на чекање намалено за половина. Ова не е само логистика – ова е безбедност, гостопримство и државничка грижа на дело! Посебно горд сум што по…
