НАЈНОВО
Автор: Press Online
Највисока температура од 42 степена денеска е измерана во Гевгелија, 41 во Велес, а 40 во Скопје, Демир Капија и Струмица. Најсвежо е на Попова Шапка со 24 степени. УХМР и за утре најавува сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен. Во петок и во сабота…
Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45.796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Како што информира ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 15.1 % и Образование за 14.4 %. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување…
7 Легендарната американска тенисерка, 45-годишната Венус Вилијамс, ја победи 35-тата светска тенисерка Пејтон Стернс со 6-3, 6-4 на ВТА турнирот во Вашингтон, станувајќи втората најстара тенисерка што победила на ВТА турнејата овој век. Со оваа победа, Венус Вилијамс (45) стана втората најстара тенисерка што победила на ВТА турнејата овој век. Единствената што беше постара од Венус Вилијамс кога победи беше познатата Мартина Навратилова, која имаше 47 години на Вимблдон во 2004 година. Венус Вилијамс се врати на ВТА турнејата оваа недела по 16-месечно отсуство, а ова е нејзина прва победа од август 2023 година. Во второто коло, постарата сестра Вилијамс…
Во справувањето на пожарите од воздух на располагање се ставени двата „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување и два полициски и два армиски хеликоптери. Третиот „ер трактор“ кој е на сервис, се очекува да биде вратен во земјава на почетокот на август. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска информираше дека кај овој „ер трактор“ дополнително се откриени дефекти. – Во моментов имаме два „ер трактора“, третиот треба да биде вратен од сервис на почетокот на август. Фирмата која го работи сервисот, најверојатно се соочува со голем обем на работа и не може да постигне.…
Третата рунда преговори меѓу руската и украинската делегација во палатата Чираган во Истанбул е во тек. Шефовите на делегациите ги почнаа билатералните преговори, а во моментов се одржува состанок лице в лице меѓу секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, и помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, јави агенцијата Риа. Според Анадолија, на почетокот на преговорите присуствувал и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан кој рекол дека крајна цел на преговорите е прекин на огнот кој ќе отвори пат кон мир. Рундата најверојатно ќе трае само еден ден, односно нема да продолжи…
Во Истанбул денеска се одржа третата рунда преговори меѓу делегациите на Русија и Украина, а главниот резултат од преговорите е договор за продолжување на размената на војници, но и цивили, пренесе Тас. Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин и шеф на руската делегација на преговорите, Владимир Медински, по третата рунда изјави дека Русија ѝ понудила на Украина размена на најмалку 1.200 воени заробеници од двете страни, како и Кијив да го разгледа прашањето за кратки прекини на огнот од 24 или 48 часа за да се преземат ранетите и телата на загинатите војници. Русија понудила да ги предаде телата на…
Сериозните обвинувања коишто се појавија за претседателката на ДКСК, по два основи, мислам дека се повеќе од доволни да самата таа си поднесе оставка од морални причини, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија. -Сметаме дека првата антикорупционерка има одговорност да го штити кредибилитетот и интегритетот на ДКСК како еден симбол на борбата со корупција на оваа држава. Сериозните обвинувања коишто се појавија за претседателката на ДКСК, по два основи мислам дека се повеќе од доволни да самата таа си поднесе оставка од морални причини. Затоа што самиот тек на постапостапките, нејзино…
Европската Унија ѝ даде на Албанија „зелено светло“ за отворање на последното преговарачко поглавје, кое ги вклучува земјоделството и кохезијата, објави премиерот Еди Рама. Владата ќе ја изготви својата преговарачка позиција и ќе ја достави до данското претседателство со ЕУ. „Албанија не запира – Денеска, на 23 јули 2025 година, по континуираниот и динамичен напредок на Албанија на патот на преговорите за членство со Европската Унија, Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на Европската Унија го овласти данското претседателство да ја покани Албанија да ја презентира својата преговарачка позиција за преговорите поврзани со поглавјата што ја сочинуваат Групата поглавје 5…
8 За многумина, кафето е суштински дел од работниот ден, но ново истражување на шведски научници покажува дека токму оваа „пауза за кафе“ може да има непожелни последици за здравјето на срцето. Истражувачи од Универзитетот во Упсала и Технолошкиот универзитет Чалмерс во Гетеборг го испитале составот на кафето од 14 различни канцелариски машини користејќи пет марки. Тие откриле дека повеќето од овие машини ослободуваат високи концентрации на кафестол и кахвеол – природни соединенија од зрна кафе, за кои е докажано дека го зголемуваат нивото на лош LDL холестерол и имаат штетно влијание врз кардиоваскуларниот систем, пишува People. Најголемиот проблем се…
0 Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги загрози европските амбиции на својата земја, предупредија високи европски претставници. Вчера, Зеленски потпиша контроверзен закон за кој критичарите велат дека ја поткопува независноста на клучните антикорупциски тела, предизвикувајќи ги првите протести во земјата откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. Врвот на Европската унија сега бара од Зеленски да ја докаже својата посветеност на европските демократски вредности. Европските сојузници стравуваат дека спорниот закон би можел да ја загрози кандидатурата на Украина за членство во блокот. Остри пораки од Брисел „Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го контактираше претседателот Зеленски во врска…
Резолуцијата којашто ја нуди како иницијатива ВМРО-ДПМНЕ деновиве сметаме дека е штетна и дека дополнително ги подрива нашите позициите како држава, затоа што отвора прашање за македонскиот јазик и македонскиот идентитет коешто е веќе комплетно затворено во време на владата на СДСМ во изминатиот мандат, рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска во интервју за „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија. -Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се гарантирани со обврзувачки документи на Европската унија, со преговарачката рамка, којашто имаме на масата и со договорот со Фронтекс. Македонскиот јазик е заштитен во рамки на Европската унија, на македонски јазик се…
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници апелира до сопствениците, менаџерите и уредниците на медиумите да не ги испраќаат своите екипи на терен ако за тоа не се создадени услови со кои ќе ги заштитат колегите од топлотниот бран. Во исто време ги повикува и политичките и општествените чинители да избегнуваат настани на отворено, но и случувања кои бараат подолг престој на простор на кој температурите се високи. – Предлагаме настаните предвидени од претходно да се ревидираат, да се намалат или да се преместат на локации на кои има услови за работа на медиумските екипи, велат од ССНМ. Оттаму бараат…
