Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

10 мај 2026

Стуб: Европа на крајот ќе мора да го обнови дијалогот со Русија

10 мај 2026

Кој го финансира растот на „Алта банка“ и кој стои зад капиталот што влегува во системот?

10 мај 2026

Скопје повторно добива луна-парк: Проект вреден 10 милиони евра

10 мај 2026

За германската СПД прифатливо е Шредер да посредува меѓу Русија и Украина

10 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 10
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Одобрено обвинението за Онкологија, Васев и Нухи го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра

Press OnlineBy Press Online20 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кривичниот суд го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нахад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година. Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра. Васев е обвинет и во друг предмет за несовесно лекување на пациенти на клиниката.



Во обвинителниот акт стои дека кривичното дело „злоупотреба на службената положба“ обвинетите, медицински и организациски директори, го извршиле со пречекорување на границите на своето службено овластување и не ја извршиле својата службена должност во постапките за набавка на лекови, постапувајќи спротивно на Законот за здравствената заштита, Закон за здравствено осигурување, Статутот на Клиниката, Законот за буџетите и Законот за јавни набавки. Со овие дејствија тие прибавиле значителна имотна корист за друг и нанеле штета на Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од над 2,2 милијарди денари.

Исто така, двајцата се обвинети за измама во службата бидејќи извршилe повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, така што во вршење на својата службена должност со намера за друг да прибават противправна имотна корист, создале противправна обврска и го довеле во заблуда Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија да изврши незаконита исплата. На тој начин прибавиле значителна корист за добавувачите на лекови во вкупен износ од над 430 милиони денари.

Судскиот процес против четворица лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за несовесно лекување на пациенти, во предметот „Онкологија“, се одложи

-Обвинетите, во постапките за јавни набавки на лекови – биолошка активна терапија, молекуларна таргет терапија и моноклонални антитела набавувале лекови на реверс без да постои валиден правен основ за тоа, по што за покривање на реверсите спроведувале постапки за јавни набавки, кои биле беспредметни бидејќи добавувачите на лекови во рамки на добиените јавни набавки ги фактурирале претходно дадените лекови на реверс, па без комплетна, веродостојна и вистинита документација обвинетите овозможувале верификација на реверсите преку јавните набавки. Со ваквите противзаконити дејствија обвинетите креирале противправни обврски на Фондот, кој бил доведен во заблуда дека условниот буџет кој го одобрува се однесува на законски креирани обврски, а не за намирување на противправно креирани обврски за лекови набавени на реверс, поради што Фондот на годишно ниво одобрувал условен буџет на Клиниката, од кој потоа биле исплаќани лековите набавени на овој начин, стои во обвинителниот акт.

Воедно, обвинетиот медицински директор помогнат од организацискиот директор извршил и кривично дело – проневера во службата, бидејќи преку постапките за набавка на лекови набавил количина на лекови која имал намера да ја присвои, па откако со свој потпис ќе го препишел и одобрел лекот, дел од лековите фиктивно ги раздолжувал, односно не ги аплицирал на пациентите во чие име овие лекови биле требувани, па така постои разлика меѓу евидентирана требована количина за пациент и раздолжена количина за пациенти во износ од околу 2 милиони денари.

-Ова е констатирано кај 9 пациенти за кои фиктивно се раздолжувани пет различни лекови. Дополнително, медицинскиот директор, користејќи ја неусогласеноста на состојбата на залихите искажана во сметководствената и материјалната евиденција и неусогласеноста помеѓу месечните податоци за издадени лекови од аптека и примени лекови во организационите единици на Клиниката, за кои бил директно одговорен организацискиот директор, присвоил дел од лековите кои клиниката требало да ги има на залиха. Станува збор за вијали и таблети од вкупно девет лека – Херцептин, Авастин, Ербитукс, Фулвестрант, Тразимера, Кадцајла, Оксалиплатин од 50 и 100 милиграми и Зелбораф со кои за себе прибавил противправна имотна корист од најмалку 13 милиони денари, појаснуваат од Обвинителството.

Второто обвинение за случајот „Онкологија“ се однесува на четворица лекари, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката, Васев. Тој, заедно со уште една лекарка, се товари за тешки дела против здравјето на луѓето и несоодветно лекување, при што кај 29 пациенти применил неподобна терапија спротивна на онколошките упатства. Дел од терапиите биле одобрени со факсимил и лозинка на втората обвинета.

Другите двајца лекари се обвинети за несоодветно лекување, бидејќи давале напредна терапија на пациенти кај кои таа не можела да има ефект, со погрешно дозирање и без основни податоци што ја влошило состојбата на пациентите.

Судењето за овој предмет беше насрочено за 11 јули, но се одложи за 5 септемврипоради отсуство на обвинетата Мери Пешевска. На обвинителна клупа тогаш седнаа само првообвинетиот Никола Васев и двајца обвинети онколози Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски, додека, за Пешевска нејзиниот бранител до Судот достави медицинска документација од 10 јули и барање за одлагање на денешното рочиште.

Истрагата ОЈО Скопје ја заврши на 22 мај годинава и до Кривичен поднесе две обвиненија за предметот „Онкологија“



Поврзани содржини

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

10 мај 2026

Кој го финансира растот на „Алта банка“ и кој стои зад капиталот што влегува во системот?

10 мај 2026

Скопје повторно добива луна-парк: Проект вреден 10 милиони евра

10 мај 2026
НАЈНОВО

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

10 мај 2026

Стуб: Европа на крајот ќе мора да го обнови дијалогот со Русија

10 мај 2026

Кој го финансира растот на „Алта банка“ и кој стои зад капиталот што влегува во системот?

10 мај 2026

Скопје повторно добива луна-парк: Проект вреден 10 милиони евра

10 мај 2026

За германската СПД прифатливо е Шредер да посредува меѓу Русија и Украина

10 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.