Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Иран му испрати на Пакистан одговор на американскиот предлог за прекин на војната

10 мај 2026

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

10 мај 2026

Стуб: Европа на крајот ќе мора да го обнови дијалогот со Русија

10 мај 2026

Кој го финансира растот на „Алта банка“ и кој стои зад капиталот што влегува во системот?

10 мај 2026

Скопје повторно добива луна-парк: Проект вреден 10 милиони евра

10 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 10
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Кој го финансира растот на „Алта банка“ и кој стои зад капиталот што влегува во системот?

Press OnlineBy Press Online10 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



„Дури 66 милиони евра беа внесени во „Алта банка“ минатата година: Со нов капитал, раст на банката и донесе работењето со државата“; „Кој стои зад капиталот од 66 милиони евра внесен во „Алта банка“; „Профитот на „Алта банка за 4 години пораснал 29 пати“… Ова се само дел од насловите што деновиве излегоа во дел од српските медиуми, кои редовно ја следат и анализираат работата на најбрзорастечката српска банка „Алта банка“, која неодамна ја презеде македонската „Стопанска банка – Битола“.

Така, српска „Нова економија“ пишува дека во период од само 3 години, „Алта банка“ претрпела трансформација која е ретко видена на банкарскиот пазар, така што од мала банка се претворила во „брзорастечка финансиска група со регионални амбиции“. Сепак, анализата на финансиските извештаи за периодот 2023-2025 година покажале дека зад тој раст стои модел кој е во голема мера зависен од капиталот на сопствениците, а не од добрите перформанси на банката.

„Клучно е што во 2023 година банката беше отстранета од берзата и стана 100 проценти во сопственост на „Алта пеј груп“. Во времето на излегување од берзата, банката не беше во проблеми. Напротив, финансиските резултати покажуваат профит од околу 1,1 милијарди динари. Веќе следната година, банката влегува во фаза на брза експанзија. Приходите растат, а бројот на вработени брзо се зголемува.

Но, тој раст станува скап. Ова јасно се гледа во финансиските извештаи. Иако приходите продолжуваат да растат, профитот почнува да опаѓа во последната година. Причината е јасна: трошоците растат побрзо од приходите. Исто така, оперативниот паричен тек се намалува, што значи дека растот почнува да ги троши ресурсите побрзо отколку што ги генерира.

Во 2025 година, бројот на вработени се зголеми за околу 23 проценти, трошоците за плати за 46 проценти, а маржата на профит падна од околу 29 проценти на 21 процент. Во 2025 година, банката порасна благодарение на рекапитализацијата од околу 7,8 милијарди динари, што ја надминува нејзината годишна добивка многукратно.

Оваа инјекција на капитал сочинуваше околу 4 проценти од вкупните средства на „Алта банка“ минатата година, што значи дека растот не беше само резултат на работењето, туку мораше да се инјектира дополнителен капитал“, пишува „Нова економија“, чија сторија ја пренесуваат повеќе српски медиуми.

Понатаму, српскиот портал наведува дека се забележува намалување на ефикасноста на банката во 2025 година, иако растат на приходите. Поточно, финансиските податоци покажале профит од околу 1,37 милијарди динари, нето-приход од камати од околу 3,2 милијарди динари и нето-приход од провизии од исто така околу 3,2 милијарди динари, во што, меѓу другото, е вклучено и плаќањето сметки за електрична енергија кон српското електростопанство, кое оди токму преку оваа банка.

„Најважниот заклучок од сите финансиски извештаи не е профитот, туку капиталот. Во периодот 2024-2025 година, има значително зголемување на капиталот на банката преку уплатата на сопственикот. Се поставува прашањето дали „Алта банка“ станува зависна од финансирање од капитал, и покрај фактот дека добива големи владини зделки кои влеваат огромни суми пари во неа?

Во истиот период,„ Алта банка“ ги проширува своите операции надвор од Србија, со преземање на „Стопанска банка – Битола“ во Македонија. Клучното прашање останува кој го финансира растот и најважното прашање што останува отворено не е во билансите на состојба – кој стои зад капиталот што влегува во системот?“, прашува „Нова економија“.

Воедно, во новинарскиот напис се додава: „Финансиските извештаи потврдуваат дека капиталот доаѓа од сопствениците, но не го објаснуваат потеклото на тој капитал. Со оглед на тоа што знаеме како Давор Мацура го започна својот бизнис, односно како сопственик на мала менубачница што собра доволно пари преку ноќ за да ја пазари „Јубмес банка“, подоцна преименувана во „Алта“, за аналитичарите и регулаторите токму тоа е фокусната точка… “

Инаку, последната анализа на „Банкарски монитор“ ја сместува „Алта банка“ на листата на мали банки со учество во пазарот со под 3 отсто, но истовремено наведува дека станува збор за најбрзорастечка банка во Србија, чија моментална актива изнесува 1,65 милијарди евра. Па, ако оваа банка во 2022 година имала пазарен удел од еден процент и била на 14-то место, денес има пазарен удел од 2,77 проценти, што ја позиционира на 9-то место според активата.

„Во 2023 година, активата на „Алта банка“ се зголеми за 44,6 проценти, во 2024 година за 52,28 проценти, а во 2025 година за речиси 60 проценти. Вкупниот раст на активата на оваа банка, во сопственост на Давор Мацура, бизнисмен близок до СНС, кој започна со менувачниците „Алта“ во Алтина, а во 2018 година ја презеде државната банка „Јубмес“, изнесуваше неверојатни 252 проценти или 3,5 пати. Активата на „Алта банка“ достигна 1,6 милијарди евра“, пишува „Данас“.

Порано, „Алта банка“ се викала „Јубмес банка“, која била основана во 1979 година. Во октомври 2018 година, министерот за финансии Синиша Мали објавува дека државата ќе го продаде својот удел во „Јубмес банка“ до крајот на годината. На почетокот на 2019 година „Алта пеј груп“, во сопственост на Мацура, купи државни акции во оваа банка за околу 5 милиони евра, а во следните години ги купи преостанатите акции и стана целосен сопственик на „Алта банка“.

Она што се знае за Мацура е дека има докторат по менаџмент и бизнис, но е е јавно познато на кој универзитет ја стекнал дипломата. Тој ја започнал својата бизнис-кариера во 2008 година, отворајќи ја првата менувачница под името „Алта“, а потоа набрзо стана претседател на Здружението на менувачи на Србија. Оттука, неговиот прв деловен круг се состои од менувачници, но и златара „Алта Голд“, како и голем број помали бизниси поврзани со готовина и циркулација на стоки.

Денес, Мацура е член на одборот на директори на „Алта банка“ и сопственик на „Алта пеј груп“. Директно или преку други негови компании, тој е сопственик и на безброј компании, меѓу кои и „АБЛ Солвент“, која го купи вредниот имот на поранешната ИМТ во Нов Белград за 70 милиони евра. Освен со комплексен систем на компании кои за кратко време забележаа вртоглаво зголемување на приходите, неговото име се поврзува и со парцели во Дедиње.

Преку „Алта пеј груп“, Мацура се обиде во 2024 година да ги прошири своите операции во ЕУ и да купи речиси 20 проценти од акциите во австриската „Адико банка“. Сепак, реагираше Европската централна банка, која го суспендираше правото на глас на „Алта пеи груп“ и уште една поврзана фирма, поради сомневање за непочитување на процедурите, нетранспарентно потекло на капиталот и непријавено преземање на контролата. На крајот, оваа операција пропадна.

Арно ама, Мацура успеа да се прошири во Македонија. Како што е познато, српската најбрзорастечка „Алта банка“ ја презеде македонската „Стопанска банка-Битола“ на крајот на 2025 година. Според Централниот депозитар на хартии од вредност, „Алта банка АД Белград“ моментално поседува над 95 отсто од акциите во некогашната „Стопанска банка – Ад Битола“, која по купопродажбата се ребрендираше во „Алта Банка АД Битола“.

„Со ребрендирањето, „АЛТА банка АД Битола“ станува дел од „АЛТА Група“ – современа финансиска групација со седиште во Белград, која ги обединува банкарските, платежните и инвестициските услуги. Како регионален лидер, групацијата работи согласно европските вредности и највисоките стандарди, со јасен фокус на иновации, дигитализација и врвен квалитет на услугите.

„АЛТА Банка АД Белград“ е една од најзначајните членки на групацијата, која во 2024 година ја доби наградата за најбрзорастечка банка во Република Србија. Усогласувањето со нејзините стандарди ќе отвори нови можности за „АЛТА банка АД Битола“, вклучувајќи развој на иновативни производи, современи дигитални решенија и унапредено клиентско искуство, секако со целосно почитување на домашните финансиски регулативи“, соопштија тогаш од „Алта банка – Битола“.

Кога се се земе во предвид цела зделка, таа надминува 21 милион евра, со оглед дека купувачот понуди и плати 3.777 денари по акција. Дотогаш, оваа банка имаше голем број на мали и големи акционери, при што меѓу поголемите беа правни и физички лица на или блиски до семејствата Камчеви и Панделески. Откако своевремено пропадна обидот оваа банка да премине во сопственост на „Комерцијална банка“, сега таа стана дел од системот на „Алта“ на Мацура, кој српските медиуми го портретираат како близок до СНС и српскиот претседател Александар Вучиќ.



Поврзани содржини

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

10 мај 2026

Скопје повторно добива луна-парк: Проект вреден 10 милиони евра

10 мај 2026

Изгоре „порше“ на обиколницата кај Радишани

10 мај 2026
НАЈНОВО

Иран му испрати на Пакистан одговор на американскиот предлог за прекин на војната

10 мај 2026

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

10 мај 2026

Стуб: Европа на крајот ќе мора да го обнови дијалогот со Русија

10 мај 2026

Кој го финансира растот на „Алта банка“ и кој стои зад капиталот што влегува во системот?

10 мај 2026

Скопје повторно добива луна-парк: Проект вреден 10 милиони евра

10 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.