Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

10 мај 2026

Стуб: Европа на крајот ќе мора да го обнови дијалогот со Русија

10 мај 2026

Кој го финансира растот на „Алта банка“ и кој стои зад капиталот што влегува во системот?

10 мај 2026

Скопје повторно добива луна-парк: Проект вреден 10 милиони евра

10 мај 2026

За германската СПД прифатливо е Шредер да посредува меѓу Русија и Украина

10 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 10
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ВМРО-ДПМНЕ не смее да писне пред криминалците – вели Арсовска

Press OnlineBy Press Online22 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во објава на фејсбук проследена со фотографија на која се премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николовски, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, денеска повторно се пожали дека е цел на напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ.



Според неа, владејчката партија со жив штит го брани Висар Ганиу и покрај тоа што таа обзнанила и доставила до Обвинителството над 3000 страни докази за злосторничко здружување, фалсификати, перење пари и злоупотреба на службена должност и овластување.

„Толку им е незгодно што не смеат да му писнат на нивниот соработник Висар Ганиу, затоа секојдневно ме напаѓаат бидејќи народот гледа и реагира дека не постапуваат против криминалот. Денес му напишале 3 реченици на еден во штаб да ги прочита против мене, а Изет Меџити на Канал 5 го викнале на поправно интервју бидејќи на претходното излажа дека сум го тепала командант Барути. Да видиме вечер што ќе измисли. Подгответе се за нежно интервју без вистинските прашања“пишува Арсовска во реакцијата на фејсбук.

Таа дополнува дека била најголема опасност за како што ги нарекува, „јакиве лидери“, иако е сама наспроти сите.

„Бидејќи сега „се разбудив“, да прашам додека „спиев“ да не ги уапсија криминалците од ДУИ и Заев“,се вели во објавата на градоначалничката на главниот град.

Во фокусот на градоначалничката на Скопје веќе два месеци се дивоградбите во Општина Чаир, со тоа што неколку пати излезе на терен за да стопира изградба на објекти кои тврди дека се незаконски и небезбедни. Кон крајот на мај Арсовска ги достави доказите во Обвинителството, а неодамна беше нападната при нејзина акција.

Еден од првите луѓе на ВЛЕН, Изет Меџити целосно одговорноста ја префрли на Арсовска, тврдејќи дека таа го нападнала лицето кое подоцна беше приведено од полицијата.

Данела Арсовска поднесе и кривична пријава против градоначалникот на Чаир Висар Ганиу и неколку вработени во општината



Поврзани содржини

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

10 мај 2026

Кој го финансира растот на „Алта банка“ и кој стои зад капиталот што влегува во системот?

10 мај 2026

Скопје повторно добива луна-парк: Проект вреден 10 милиони евра

10 мај 2026
НАЈНОВО

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

10 мај 2026

Стуб: Европа на крајот ќе мора да го обнови дијалогот со Русија

10 мај 2026

Кој го финансира растот на „Алта банка“ и кој стои зад капиталот што влегува во системот?

10 мај 2026

Скопје повторно добива луна-парк: Проект вреден 10 милиони евра

10 мај 2026

За германската СПД прифатливо е Шредер да посредува меѓу Русија и Украина

10 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.