Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

10 мај 2026

Стуб: Европа на крајот ќе мора да го обнови дијалогот со Русија

10 мај 2026

Кој го финансира растот на „Алта банка“ и кој стои зад капиталот што влегува во системот?

10 мај 2026

Скопје повторно добива луна-парк: Проект вреден 10 милиони евра

10 мај 2026

За германската СПД прифатливо е Шредер да посредува меѓу Русија и Украина

10 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 10
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Левица: ДПМНЕ ја продава историјата и јазикот за европски аплаузи

Press OnlineBy Press Online22 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Однародената ДПМНЕ ја прифаќа играта на големобугарските империјалисти и го става на маса македонскиот идентитет и јазик инсистирајќи на заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент со што фактички се согласува да ги проблематизира овие носечки столбови на македонската државност и самобитност. Дезориентираната надворешна политика на Муцунски овие непобитни ставки ги доведува во позиција да станат предмет на договор, со што македонскиот народ и држава ги става пред повторно склучување компромис околу суштински прашања како при Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство“ соопштија денеска од Левица.



Од партијата велат „наместо цврсто да стои на ставот дека македонскиот јазик и идентитет (одамна признаени од ОН и научната јавност) се неспорни, МНР се надоврзува на срамната Резолуција на Европскиот парламент со обид за нејзина практична имплементација, токму она што Софија со нетрпение го очекува. Заедничка резолуција со земја која со децении ги негира нашите основни права и има иредентистички аспирации значи прифаќање на услови кои директно го поткопуваат македонското самоопределување“.

„Благодарение на однародени и бизнис-ориентирани политичари, Република Македонија, која веќе го смени знамето и уставното име под странски диктат – со ДПМНЕ е на пат да стане првата држава што ќе го доведе под прашање и сопствениот службен јазик. Не помина многу време од кога Мицкоски хистерично тврдеше дека „ако се преговара за јазикот, прекројување на историјата и македонскиот идентитет, договорот за добрососедство не важи”. Денес, истиот тој си ги гази зборовите и ја претвора Република Македонија во услужен сервис на Софија. На дело гледаме како “патриотите” од ДПМНЕ, штом седнаа во фотелјите на власт, не само што го продолжија курсот на капитулација на нивните претходници од СДС, туку и го продлабочуваат. Со ДПМНЕ на власт, Македонија уште побрзо се претвора во држава без став и кичма, која тргува со историјата и идентитетот за неколку тапкања по рамо од странство“ е ставот на Левица.

Ги повикуваат македонските институции „јасно да стават до знаење дека нема да прифатат никакви заеднички иницијативи со Бугарија кои го доведуваат во прашање македонскиот јазик, историја и идентитет. Наместо да се вплеткува во дипломатски стапици, Владата треба веднаш да ја прекине комуникацијата со Софија за овие прашања“.



Поврзани содржини

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

10 мај 2026

Кој го финансира растот на „Алта банка“ и кој стои зад капиталот што влегува во системот?

10 мај 2026

Скопје повторно добива луна-парк: Проект вреден 10 милиони евра

10 мај 2026
НАЈНОВО

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

10 мај 2026

Стуб: Европа на крајот ќе мора да го обнови дијалогот со Русија

10 мај 2026

Кој го финансира растот на „Алта банка“ и кој стои зад капиталот што влегува во системот?

10 мај 2026

Скопје повторно добива луна-парк: Проект вреден 10 милиони евра

10 мај 2026

За германската СПД прифатливо е Шредер да посредува меѓу Русија и Украина

10 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.