Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

10 мај 2026

Стуб: Европа на крајот ќе мора да го обнови дијалогот со Русија

10 мај 2026

Кој го финансира растот на „Алта банка“ и кој стои зад капиталот што влегува во системот?

10 мај 2026

Скопје повторно добива луна-парк: Проект вреден 10 милиони евра

10 мај 2026

За германската СПД прифатливо е Шредер да посредува меѓу Русија и Украина

10 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 10
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Таравари објави документ со негативно мислење за вработувањата во тетовската болница

Press OnlineBy Press Online22 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поранешниот министер за здравство Арбен Таравари вечерва на Фејсбук објави документ кој, како што вели, му е доставен на министерот за здравство Азир Алиу на 15 овој месец и во кој се дава негативен одговор за вработување на неопределено време на 155 работници за Клиничката болница во Тетово.



– Барањето е доставено до Министерството за здравство на 2 јули 2025 година, односно во време кога Азир Алиу беше министер и на него е добиен негативен одговор од Министерството за финансии. Зошто не влијаевте да добиете позитивен одговор? Сите овие вработувања, вклучувајќи ги 300 + 300 специјализанти, ви ги оставив подготвени.

Првата група речиси ја завршив. А каде сте со втората група на врботување на 300 специјализанти? Сите вработувања беа во фаза на подготовка, за што сведочат сите документи. Секое барање од здравствените установи што пристигнало во Министерството додека јас бев министер, во рок од неколку дена беше проследено до Фондот за здравство, односно до Министерството за финансии – се вели во објавата на Таравари.

Таравари во објавата на Фејсбук упатува и неколку прашања до министерот Алиу.

– Рековте дека 300 здравствени работници ќе бидат сместени во Трговскиот центар Лимак од 1 јули. До каде е оваа постапка? Зошто толкаво доцнење? До каде сте со бесплатните прегледи за секој што наполнил 40 години? Доставивте информација до Владата за да ѝ се продолжи на Градот Скопје надлежноста за надгледување на паркингот кај Клинички центар. Дали имаше некаков договор? Зошто ја повлековте истата? Што се крие зад ова? Правите реформи во системот „Мој термин“, а сè уште немате договор за одржување.

Како ќе го спроведете тоа без договор? За изградбата на ѕидот кај УК за Детски болести обезбедив буџет, има владина одлука, па те потсетувам дека треба да се изгради што е можно побргу, бидејќи претставува опасност – напиша Таравари на Фејсбук



Поврзани содржини

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

10 мај 2026

Кој го финансира растот на „Алта банка“ и кој стои зад капиталот што влегува во системот?

10 мај 2026

Скопје повторно добива луна-парк: Проект вреден 10 милиони евра

10 мај 2026
НАЈНОВО

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

10 мај 2026

Стуб: Европа на крајот ќе мора да го обнови дијалогот со Русија

10 мај 2026

Кој го финансира растот на „Алта банка“ и кој стои зад капиталот што влегува во системот?

10 мај 2026

Скопје повторно добива луна-парк: Проект вреден 10 милиони евра

10 мај 2026

За германската СПД прифатливо е Шредер да посредува меѓу Русија и Украина

10 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.