Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

10 мај 2026

Стуб: Европа на крајот ќе мора да го обнови дијалогот со Русија

10 мај 2026

Кој го финансира растот на „Алта банка“ и кој стои зад капиталот што влегува во системот?

10 мај 2026

Скопје повторно добива луна-парк: Проект вреден 10 милиони евра

10 мај 2026

За германската СПД прифатливо е Шредер да посредува меѓу Русија и Украина

10 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 10
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Токму ли ни е златото депонирано во баанка во Англија. Guvernerot наесен ќе одел vo London да види дали е таму или го нема?!

Press OnlineBy Press Online22 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Девизните резерви се во сигурни раце. Моментно изнесуваат 4,6 – 4,7 милијарди евра што е сосема комотна позиција за земјата, а покриваат околу 4,5 месечни вредности на увозот додека светскиот стандард што се препорачува е 3 – 3,5, рече гувернерот на Народната банка Трајко Славески на денешната отворена работна средба со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и со претставници на раководството на Комората.

 



Дел од девизните резерви се во злато кое Македонија го чува во Банката во Англија. Тим на Народната банка предводен од гувернерот наесен планира да ја посети Банката на Англија и да провери дали златото е таму. Но, златните резерви, информира гувернерот, засега не се на задоволително ниво.


 

 

– Можеме да бидеме сигурни дека девизните резерви се во сигурни раце. Тие не биле никогаш проблем. Има посебни дирекции во Народната банка кои раководат со нив и за тоа поднесуваат извештај до Собранието. Имаме обучени лица кои континуирано ги следат девизните резерви и движењата на пазарите, на дневна основа. Дел од девизните резерви се во злато кое го чуваме во Банката во Англија. Планирам со мој тим наесен да провериме дали е таму. Надлежни лица од Народната банка биле во инспекција и тоа е редовна процедура. Остатокот се вложува во сигурни хартии од вредност и во банки кои се меѓу најсигурните во светот. Редовно имаме позитивни приходи од чувањето на девизните резерви и од раководењето со нив – истакна Славески, потсетувајќи дека висината на девизните резерви е клучен фактор за одржување на фиксниот девизен курс кога има нестабилност на светските пазари

 

Тој не знае зошто е прекината практиката земјава да не го зголемува износот на монетарното злато.

 

– Во минатото Народната банка од рудниците го откупуваше златото и го ставаше во златните резерви. Моментно тие не се на задоволително ниво. Златото барем последната година двојно ја зголеми цената. Секогаш кога настанува некоја несигурност во светот, инвеститорите бегаат во сигурни средства, а едно од нив е златото – потенцира гувернерот.



Поврзани содржини

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

10 мај 2026

Кој го финансира растот на „Алта банка“ и кој стои зад капиталот што влегува во системот?

10 мај 2026

Скопје повторно добива луна-парк: Проект вреден 10 милиони евра

10 мај 2026
НАЈНОВО

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

10 мај 2026

Стуб: Европа на крајот ќе мора да го обнови дијалогот со Русија

10 мај 2026

Кој го финансира растот на „Алта банка“ и кој стои зад капиталот што влегува во системот?

10 мај 2026

Скопје повторно добива луна-парк: Проект вреден 10 милиони евра

10 мај 2026

За германската СПД прифатливо е Шредер да посредува меѓу Русија и Украина

10 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.