Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Би-би-си повторно направи скандал: Мораа да ѝ се извинат на принцезата Кејт Мидлтон

Грчките железници ќе започнат национален 24-часовен штрајк

Кошта: Проширувањето на ЕУ е најдобрата инвестиција за иднината на Европа

Словенија: Нов закон го третира ромското малцинство како „безбедносна закана“

Кембриџ го објави зборот на 2025 година: Инспириран е од врската на Тејлор Свифт и Тревис Келси

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Магазин

Зошто некои жени раѓаат момчиња, а некои девојчиња?

Press OnlinePress Onlineјули 23, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

8

Статистички, шансата да се добие син или ќерка е 50:50, слично како фрлање паричка, но се чини дека некои жени имаат предиспозиција да имаат деца само од еден пол, пишува РТС.

Од лично искуство, сите сме виделе роднини или пријатели кои имаат само ќерки или само синови. Сивен Ванг од Универзитетот Харвард и нејзините колеги сакале да истражат дали ова се случува чисто случајно или постојат основни физиолошки индикатори што би можеле да го објаснат овој феномен.

На ниво на популацијата, односот на момчиња и девојчиња при раѓање е приближно 50:50. Но, Ванг и нејзините колеги се прашуваа дали жените имаат некаква улога во сето ова.

За да дознаат повеќе, тие анализирале податоци собрани од повеќе од 58.000 мајки во САД кои претходно биле запишани во две одделни студии за контрацепција и здравје на жените. Од овие жени, 61 процент имале две деца, 30 проценти имале три деца, осум проценти имале четири деца, а преостанатите жени имале пет или повеќе деца.

Истражувачите го споредиле полот на децата во однос на следните осум карактеристики на мајките: висина, индекс на телесна маса, раса, боја на коса, крвна група, хронотип (време од денот кога се најбудни), возраст при првата менструација и возраст кога имале деца (која се движела од 13 до 48 години).

Тимот открил дека жените кои биле постари од 28 години кога првпат се породиле имале 43 проценти шанси подоцна да имаат деца само од еден пол, во споредба со 34 проценти шанси за оние кои станале мајки на помлада возраст.

„Откривме дека возраста на мајката во времето на првото породување била во поголем процент поврзана со фактот дека имале само девојчиња или момчиња“, вели Вангова. Кај сите други карактеристики што биле земени vo предвид, не е утврдена корелација со полот на децата.

Иако не е јасно зошто возраста на мајката може да има ваков ефект, се претпоставува дека тоа е последица на биолошки промени во телото, кои варираат од жена до жена, забележува Вангова.

На пример, претходните студии покажуваат дека менструалните циклуси се јавуваат порано во животот на жените, што може да фаворизира почести раѓања на момчиња, додека намалувањето на pH вредноста на вагината со возраста може да го поддржи преживувањето на сперматозоидите што содржат X хромозоми, што дава поголеми шанси за раѓање девојче.

Но, наодите би можеле да се објаснат и со социоекономски фактори, вели Џошуа Вајлд од Универзитетот во Оксфорд. Можно е жените кои раѓаат по 28-годишна возраст да планираат повеќе за големината на своето семејство. Да речеме, ако сакаат две деца од различен пол, а добијат две од ист пол, веројатно се откажуваат од тоа да имаат повеќе деца, додека помлада жена која сака да има дете од другиот пол може да не се двоуми да роди повеќе деца.

Во секој случај, потребни се понатамошни истражувања за да се земат предвид социоекономските фактори, влијанијата од околината и физиолошките фактори кои потенцијално влијаат на полот на бебето.

Поврзани објави

Би-би-си повторно направи скандал: Мораа да ѝ се извинат на принцезата Кејт Мидлтон

ноември 18, 2025

Кембриџ го објави зборот на 2025 година: Инспириран е од врската на Тејлор Свифт и Тревис Келси

ноември 18, 2025

(Фото) Том Круз конечно доби Оскар: Статуетката ја чекаше дури 39 години

ноември 17, 2025
НАЈНОВО

Би-би-си повторно направи скандал: Мораа да ѝ се извинат на принцезата Кејт Мидлтон

Грчките железници ќе започнат национален 24-часовен штрајк

Кошта: Проширувањето на ЕУ е најдобрата инвестиција за иднината на Европа

Словенија: Нов закон го третира ромското малцинство како „безбедносна закана“

Кембриџ го објави зборот на 2025 година: Инспириран е од врската на Тејлор Свифт и Тревис Келси

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.