Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Бугарски медиум: Режимот доаѓа тивко, во зелени чорапи

26 мај 2026

Неодговорно и спротивно на вредностите на ЕУ – Жестока реакција на Дорис Пак до Бугарија за односот кон Македонија

26 мај 2026

Макрон сака домаќинствата и компаниите повеќе да користат струја, а помалку нафта и гас

26 мај 2026

Мицкоски: Ако билатералните прашања го судат нашиот европски пат тогаш ние ќе се бориме на друг начин

26 мај 2026

Олигарсите бараат договор со Петер Маѓар, тој не им одговара

26 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Мицкоски: Ако билатералните прашања го судат нашиот европски пат тогаш ние ќе се бориме на друг начин

Press OnlineBy Press Online26 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нашата статегија е да ги завршиме реформите дома бидејќи тие ни требаат нам. Втора работа која што исто така сме спремни да ја испорачаме е Акцискиот план за малцинства, што го работевме заедно со Брисел и експерти препорачани од ЕК.



Се додека билатералните спорови и т.н. булинг кон нас од една земја – членка на ЕУ се наша препрека, ова што одамна го залуживме ќе се одалечува, но ние не губиме надеж и енергија, туку напротив ќе продолжиме силно да работиме. Но, нема повеќе можности за идентитестки отстапки и за нашите национални одредници. Ако навистина билатералните прашања се тие коишто треба да го судат нашиот европски пат тогаш ние ќе се бориме на друг начин – изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференцијата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ одговарајќи на новинарско прашање.

 

– Ние ќе се фокусираме на испораката и реформите дома, кои се дел од Планот за раст и реформската агенда и тука во јануарскиот извештај на ЕК ние сме вистинските фронтранери бидејќи најголемиот дел од средствата која ЕК ги дава ќе бидат исплатени кон нашата Влада, втора е Албанија а трета е Црна Гора. Очекуваме оваа динамика да биде и со следниот полугодишпен извештај. Нашата стратегија е да ги завршиме реформите дома бидејќи тие ни требаат нас. Втора работа која што исто така сме спремни да ја испорачаме тоа е Акцискиот план за малцинства што го работевме заедно со Брисел и експерти препорачани од ЕК. Тој е готов и чекаме зелен сигнал од Брисел да помине на Владина седница. Ние испорачуваме тоа што зборуваме, рече Мицкоски.

 

За жал, продолжи тој, се додека билатералните спорови и т.н. булинг кон нас од некои земји членки, во случајот една земја – членка се наша препрека за да бидеме дел од тоа семејство, она што одамна го залуживме ќе се одалечува и ќе се одалечува, но ние не губиме надеж, не губиме енергија, туку напротив ќе продолжиме силно да работиме, како што работиме овие нецели две години како што сме избрани како Влада и очекуваме дека ќе ја добиеме таа шанса да бидеме дел од тоа семејство во кое што сме таму.

-Но, нема повеќе можности за идентитестки отстапки, нема повеќе можности кога станува збор за нашите би рекол национални одредници, колкава и да е таа цена којашто треба да ја платиме, ако е тоа цената која што треба да ја платиме и покрај тоа што сме вистинскиот фронтранер, оваа влада е подготвена да ја плати таа цена. Ќе чекаме други подобри времиња. Ако навистина билатералните прашања се тие коишто треба да го судат нашиот европски пат тогаш ние ќе се бориме на друг начин – рече Мицкоски.

 

Нашата стратешка цел е да бидеме дел од Европската унија и тој пат го почнавме пред 26 години со потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација, појасни во одговорот премиерот.

– Заедно со Република Хрватска го добивме статусот кандидати, заедно со Република Хрватска од страна на таа ЕК во 2009 го добивме позитивниот извештај за да почнеме преговори. За жал нашиот пат тука отиде во друга насока. Нашиот пат тука во рамките на ЕУ се претвори во билатерализација на тој процес. Позначајни беа билатералните прашања, отколку објективните копенхагенска критериум и мерит базираното приклучување кон ЕУ, што кај нас како македонски граѓани создаде многу фрустрации бидејќи цениме дека многу одамна го заслуживме нашето место во рамкте на тоа семејство – рече Мицкоски.

Повторно сега, додаде тој, имаме уште едно такво барање. – За жал, тоа го прифати претходната влада мислејќи дека ако добијат бел лист на маса и го потпишат истиот ќе останат да бидат влада и во иднина. Не успевајќи да испорачаат дома, обременети со криминал и корупција и на тој начин они не сватија дека дополнително го отежнуваа процесот на интеграција на државата во рамките на ЕУ. Нашата стратегија како Влада е поинаква, рече Мицкоски.

Денешната посета не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку и потврда на едно пријателство кое се градело со години – односи темелени на меѓусебна почит, разбирање, соработка

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека овие прашања за менување на уставот и барањата на Бугарија се многу важни и потези со далекусежно влијание.

– Во последните 25 години за неправдата врз Македонија нема никакво оправдување, за патот на земјата. И тоа како го ценам ентузијазмот за членство во ЕУ и покрај сите обиди и блокади кои се неблагодарни, рфече Пленковиќ.

Договорот за стратешко партнерство што денеска беше потпишан, според хрватскиот премиер, рече дека поттик за развој на поголема економска соработка. – Овде има многу хрватски инвестиции. Во стратешката рамка ќе гледаме тоа да се забрза и да се зголеми бројот на субјекти, рече Пленковиќ додавајќи дека во составот на нивната делегација има претставници на најголемите компании.

 



Поврзани содржини

Неодговорно и спротивно на вредностите на ЕУ – Жестока реакција на Дорис Пак до Бугарија за односот кон Македонија

26 мај 2026

Разбиена албанско – италијанска криминална група, запленети милион евра и друг имот

26 мај 2026

Апелација ја преиначи затворската казна за убиството на кучето Феликс во парична

26 мај 2026
НАЈНОВО

Бугарски медиум: Режимот доаѓа тивко, во зелени чорапи

26 мај 2026

Неодговорно и спротивно на вредностите на ЕУ – Жестока реакција на Дорис Пак до Бугарија за односот кон Македонија

26 мај 2026

Макрон сака домаќинствата и компаниите повеќе да користат струја, а помалку нафта и гас

26 мај 2026

Мицкоски: Ако билатералните прашања го судат нашиот европски пат тогаш ние ќе се бориме на друг начин

26 мај 2026

Олигарсите бараат договор со Петер Маѓар, тој не им одговара

26 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.