Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски: Ако билатералните прашања го судат нашиот европски пат тогаш ние ќе се бориме на друг начин

26 мај 2026

Олигарсите бараат договор со Петер Маѓар, тој не им одговара

26 мај 2026

Разбиена албанско – италијанска криминална група, запленети милион евра и друг имот

26 мај 2026

Апелација ја преиначи затворската казна за убиството на кучето Феликс во парична

26 мај 2026

Русија лансираше две ракети „Орешник“ кон Киев, од кои едната се расипа и падна во близина на окупираниот Донецк

26 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Разбиена албанско – италијанска криминална група, запленети милион евра и друг имот

Press OnlineBy Press Online26 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во заедничка акција на албанското специјално обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК) и Дирекцијата за борба против мафијата од италијанскиот град Бари, разбиена е структурирана криминална група вклучена во перење пари и убиства во двете земји, како и меѓународна трговија со дрога.



Како што изјави првиот човек на СПАК, Клодијан Брахо, на заедничката прес-конференција со италијанските колеги, операцијата била спроведена со заеднички тим со поддршка на Евроџаст, додека индициите се добиени од истрагите за убиството на 26-годишниот италијански фризер Франческо Дивисти, настан што се случил во април минатата година.

– Групата ја предводел албанскиот државјанин, Игли Камбери а во рамки на акцијата, Специјалниот суд издаде 10 безбедносни мерки, додека италијанскиот суд уште 5. Меѓу 15-те лица, 11 се албански, додека останатите 4 се италијански државјани. Четири од приведените се жени, изјави Брахо.

Објави дека за време на истрагите се запленети приближно 1 милион евра во готово, како и друг имот, деловни компании, возила, за кои постои сомневање дека произлегуваат од криминални активности.

Додаде дека акцијата била спроведена во Тирана, Валона, Фиер, Рим, Барлета, Ангани и Мадрид.

– Со СПАК реализираме успешна операција, благодарение и на Евроџаст. Соработката трае веќе 10 години и ќе продолжиме да соработуваме. Убедени сме дека Албанија ќе може да се бори против својата мафија со свои сили и ние ќе застанеме на нејзина страна. Ќе имаме меѓусебна соработка, изјавил претставникот од Дирекцијата во Бари.



Поврзани содржини

Мицкоски: Ако билатералните прашања го судат нашиот европски пат тогаш ние ќе се бориме на друг начин

26 мај 2026

Апелација ја преиначи затворската казна за убиството на кучето Феликс во парична

26 мај 2026

„Катимерини“: Старите поделби повторно создаваат тензии во Северна Македонија

26 мај 2026
НАЈНОВО

Мицкоски: Ако билатералните прашања го судат нашиот европски пат тогаш ние ќе се бориме на друг начин

26 мај 2026

Олигарсите бараат договор со Петер Маѓар, тој не им одговара

26 мај 2026

Разбиена албанско – италијанска криминална група, запленети милион евра и друг имот

26 мај 2026

Апелација ја преиначи затворската казна за убиството на кучето Феликс во парична

26 мај 2026

Русија лансираше две ракети „Орешник“ кон Киев, од кои едната се расипа и падна во близина на окупираниот Донецк

26 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.