Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица

14 март 2026

ВМФЛ: Брегалница мора до трите бода, лидерот на тешко гостување во Гевгелија

14 март 2026

Умерено облачно со сончеви периоди

14 март 2026

Пораз на Македонија У16 на вториот дуел против Летонија

14 март 2026

Измамен битолчанец за 340.000 денари, разговарал со лажен директор на компанија што тргува со крипто валути

13 март 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, март 14
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

„Тој е подобар од Бекам!“ Ѓоковиќ ги покажа своите кулинарски вештини

Press OnlineBy Press Online31 јули 2025 Магазин
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

2

Новак Ѓоковиќ сè уште ужива во одмор по поразот во полуфиналето на Вимблдон од Јаник Синер. Минатата недела беше во Црна Гора и Хрватска, а моментално престојува на грчкиот остров Миконос, во друштво на сопругата Јелена, децата Стефан и Тара, како и најмалиот брат Ѓорѓе со неговото семејство. Неколку дена откако ја напушти Корчула, се појави снимка на која Нолее во улога на – шеф на кујна.

Во еден познат ресторан на Пељешац, кој претходно го посетил и Дејвид Бекам, најдобриот тенисер на сите времиња му помагаше на шефот Антонио Тони Бјеланчич – познат како шеф Бјелко – да се „загрее“, при што како реквизит користеа домат.

– Сега ти мене ме учиш, а потоа ќе те учам јас кога ќе стигнеме до готвењето – му рече шеф Бјелко на Ѓоковиќ.

По завршувањето на “загревањето”, дојде редот Ноле да ги покаже своите кулинарски вештини.

Шефот му покажа како правилно се сече домат, а Ноле без грешка го повтори тоа, додека од позадина се слуша прашање упатено до шефот – дали Ѓоковиќ е подобар од Бекам.

– Подобар, сигурно дека е подобар – одговори шеф Бјелко.

Инаку, славниот фудбалер го посети истиот ресторан пред две години и заедно со Бјелко подготви јадење, по што објавија снимка на Instagram.

Очекувањата се дека Ѓоковиќ наскоро ќе започне со тренинзи, пред да замине за САД каде го очекува Мастерс турнирот во Синсинати, а потоа и последниот Грен слем во сезоната – US Open.

Поврзани содржини

(Фото) Романтика во Атина: „Најубавото девојче на светот“ се сврши со дијамант вреден околу 40.000 евра

10 март 2026

Скандал во пресрет на Евровизија: Извршниот директор на австриската телевизија обвинет за злоставување колешка

10 март 2026

Уапсена е жената што пукаше во куќата на Ријана: Пејачката била дома во моментот на инцидентот

10 март 2026
НАЈНОВО

Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица

14 март 2026

ВМФЛ: Брегалница мора до трите бода, лидерот на тешко гостување во Гевгелија

14 март 2026

Умерено облачно со сончеви периоди

14 март 2026

Пораз на Македонија У16 на вториот дуел против Летонија

14 март 2026

Измамен битолчанец за 340.000 денари, разговарал со лажен директор на компанија што тргува со крипто валути

13 март 2026
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.