Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

Поранешниот премиер Едуар Филип ќе ги обединува Французите против Бардела

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026

Грција презеде иницијатива проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да стане реалност

11 мај 2026

Општина Центар со повик за поправка на кровови и лифтови

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Ристоска: Владата не објаснува зошто не сме прифатени како кандидати за судии во Стразбур

Press OnlineBy Press Online31 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Обвинителката Ленче Ристоска, една од кандидатките за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, јавно реагираше на одлуката на Владата да не ја прифати листата на предложени кандидати, обвинувајќи за нетранспарентност и политички притисоци.

„Со оглед дека Владата одбива да даде појаснување за тоа кои критериуми не ги исполнуваме како кандидати, што е спротивно на препораките на Советот на Европа, сакам да појаснам неколку работи,“ наведува Ристоска.

Таа открива дека во изминатите два месеци добивала сугестии да ја повлече кандидатурата, додека во јавноста се водела, како што вели, „клеветничка кампања“ против неа.

„Затоа и потегот на Владата за неприфаќање на листата за мене беше очекуван, само формата како Владата ќе се обиде да ги прекрши процедурата и препораките на Совет на Европа за избор на кандидати за судии, но и насоките што самата Влада ги дала на Комисијата во решението за нејзино формирање беше неизвесна,“ вели Ристоска.

Таа додава дека одлуката на Владата не е поткрепена со аргументи, ниту е транспарентна.

„Неиздржаноста на одлуката на Владата може да се насети од општата формулација за неприфаќање на листата, од нетранспарентноста и одбивањето да се дадат конкретни информации за критериумите кои наводно кандидатите не ги исполнуваат.“

Според Ристоска, ваквиот начин на постапување е спротивен на европските стандарди:

„Според препораките на Советот на Европа, постапката мора да биде извесна и однапред пропишана, фер и транспарентна. При вакви услови сосема е нормално и прифатливо и да не сте најдобриот кандидат и да не ја добиете позицијата за која аплицирате.“

Таа потенцира дека оценувањето на кандидатите не треба да биде политичко, туку засновано на стручни критериуми.

„Најповикани и најстручни да ги оценат кандидатите во рамки на националната селекција се Комисијата која беше формирана со оваа цел, како и советодавното тело на Советот на Европа, кои токму затоа се дел од процесот за предлагање на кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права, а Владата согласно препораките на Совет на Европа мора да го оправда секое отстапување од листата утврдена од Комисијата,“ порачува Ристоска.

Поврзани содржини

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026

Општина Центар со повик за поправка на кровови и лифтови

11 мај 2026
НАЈНОВО

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

Поранешниот премиер Едуар Филип ќе ги обединува Французите против Бардела

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026

Грција презеде иницијатива проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да стане реалност

11 мај 2026

Општина Центар со повик за поправка на кровови и лифтови

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.