Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

Поранешниот премиер Едуар Филип ќе ги обединува Французите против Бардела

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026

Грција презеде иницијатива проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да стане реалност

11 мај 2026

Општина Центар со повик за поправка на кровови и лифтови

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Собранието ја донесе одлуката за објавување оглас за избор на претседател на ДКСК, попладнево ќе продолжи со пратенички прашања

Press OnlineBy Press Online31 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во паузата дадена на седницата за пратенички прашања, Собранието продолжи со работоа по 64-та седница, на која едногласно го донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка, поднесен од пратениците Бојан Стојаноски, Драган Ковачки и Павле Арсоски.

По исцрпување ма деневниот ред на оваа седница, пратениците продолжија со работа по новата 65 седница, на која беа донесени Одлуката за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, и за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, како и Одлуката за објавување јавен оглас за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, поднесена од пратеникот Ѓоргија Сајкоски.

По изгласувањето на дневниот ред на седницата, пратеникот Ријад Шаќири од Коалицијата ВРЕДИ информира дека во дата-базата не можат да видат кој е предлагач и побара да се достави материјалот за Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“. На ова претседателот на Собранието Гаши соопшти дека материјалите веќе електронски се доставени кај сите пратеници. Оваа одлука беше донесена со 67 гласа „за“, без ниту еден глас против и без воздржани.

Гаши ја прекина седницата, а за нејзиното продолжение рече дека пратениците дополнително ќе бидат извесетени.

Собранието ќе продолжи со пратенички прашања по редовната едночасовна пауза.

Поврзани содржини

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026

Општина Центар со повик за поправка на кровови и лифтови

11 мај 2026
НАЈНОВО

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

Поранешниот премиер Едуар Филип ќе ги обединува Французите против Бардела

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026

Грција презеде иницијатива проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да стане реалност

11 мај 2026

Општина Центар со повик за поправка на кровови и лифтови

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.