Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски: Ако билатералните прашања го судат нашиот европски пат тогаш ние ќе се бориме на друг начин

26 мај 2026

Олигарсите бараат договор со Петер Маѓар, тој не им одговара

26 мај 2026

Разбиена албанско – италијанска криминална група, запленети милион евра и друг имот

26 мај 2026

Апелација ја преиначи затворската казна за убиството на кучето Феликс во парична

26 мај 2026

Русија лансираше две ракети „Орешник“ кон Киев, од кои едната се расипа и падна во близина на окупираниот Донецк

26 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

Press OnlineBy Press Online2 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Управата за јавни приходи спровела 154 теренски контроли за фискализација во периодот од 21 до 27 јули годинава, насочени кон различни типови деловни субјекти. Како што соопштуваат од УЈП, со контролите биле опфатени колонијали, угостителски објекти, туристички агенции и хотели, како и други трговски објекти за продажба на мало.

– Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има зголемена фреквенција на туристи. Од 154 контролирани субјекти, кај 34 отсто, односно кај 52 од контролираните се утврдени неправилности, согласно Законот за регистрирање на готовински промет. За утврдените неправилности донесени се 52 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот, соопштуваат од УЈП.

На пет даночни обврзници, додаваат, им е изречена мерка за привремена забрана за вршење дејност, додека привремено затворени се три субјекти во Охрид, еден во Гостивар и еден во Струга.

– Во Скопје извршени се 43 контроли и при истите утврдени се 9 неправилности; Во Струга, Охрид и Ресен извршени се 64 контроли, а утврдени се 10 неправилности во Струга, Охрид – 14, Ресен – 2; Во Прилеп извршени се 5 контроли, a утврдени се 3 неправилности; Во Струмица и Дојран извршени се 12 контроли, а утврдени се 2 неправилности во Дојран; Во Тетово, Гостивар и Кичево извршени се 15 контроли, а утврдени се 6 неправилности од кои 4 во Тетово и по една во Гостивар и Кичево; Во Штип, Македонска Каменица и Берово извршени се 15 контроли и утврдени се по 3 неправилности во Македонска Каменица и во Берово, наведуваат во соопштението.

Од УЈП апелираат сите даночни обврзници да постапуваат совесно и согласно законските прописи, со цел да придонесат кон зајакнување на даночната усогласеност и унапредување на даночната дисциплина во државата. Врз основа на извршените контроли, оттаму велат дека УЈП ќе врши вкрстени проверки со цел да ја провери веродостојноста на искажаните приходи кај даночните обврзници.

Поврзани содржини

Мицкоски: Ако билатералните прашања го судат нашиот европски пат тогаш ние ќе се бориме на друг начин

26 мај 2026

Разбиена албанско – италијанска криминална група, запленети милион евра и друг имот

26 мај 2026

Апелација ја преиначи затворската казна за убиството на кучето Феликс во парична

26 мај 2026
НАЈНОВО

Мицкоски: Ако билатералните прашања го судат нашиот европски пат тогаш ние ќе се бориме на друг начин

26 мај 2026

Олигарсите бараат договор со Петер Маѓар, тој не им одговара

26 мај 2026

Разбиена албанско – италијанска криминална група, запленети милион евра и друг имот

26 мај 2026

Апелација ја преиначи затворската казна за убиството на кучето Феликс во парична

26 мај 2026

Русија лансираше две ракети „Орешник“ кон Киев, од кои едната се расипа и падна во близина на окупираниот Донецк

26 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.