Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Радев ја заврши кампањата со слика од средба со Путин

17 април 2026

Шумска мафија во Струмица: Полицаец и шумски полицаец им ги откривале патролите на дрвокрадците

17 април 2026

Започна 10-дневниот прекин на огнот меѓу Израел и Либан

17 април 2026

Левица против најавената реставрација на Старата чаршија: Калдрмата не е материјал туку историја

17 април 2026

ЕУ се свртува кон геотермалната енергија, шанса и за Хрватска

17 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 17
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Левица против најавената реставрација на Старата чаршија: Калдрмата не е материјал туку историја

Press OnlineBy Press Online17 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Реконструкцијата повторно се пласира како „зачувување на автентичноста“, но самата динамика на овие интервенции отвора сериозни сомнежи. Ако навистина станува збор за простор што со децении бил занемарен, тогаш зошто во релативно кратки интервали се вршат нови „реставрации“? Ова укажува или на претходно нестручно изведени зафати, или на континуирано користење на чаршијата како полигон за ад-хок урбанистички експерименти, наместо како заштитено културно наследство со јасна и долгорочна стратегија“, се вели во соопштението на Левица.



„Особено проблематичен е наративот дека со поставување травертин се „зачувува“ калдрмата. Калдрмата не е само материјал, туку историски слој, резултат на органски развој и занаетчиска традиција. Нејзиното заменување со индустриски обработен камен претставува естетска симулација, а не реставрација. Наместо конзервација, се добива сценографија и стерилен, туристички прилагоден амбиент кој ја губи автентичната текстура и функција на просторот.

Дополнително, ова не е изолиран случај, туку продолжение на подолг тренд на интервенции што го редефинираат историското јадро на Скопје без суштинска јавна дебата. Интервенциите околу бескорисниот Плоштад Скендербег (чиј бетон веќе се распаѓа) веќе покажаа како со агресивен урбан дизајн може трајно да се наруши визуелниот и културниот контекст на чаршијата. Наместо учење од тие грешки, актуелната власт продолжува со истата логика: брзи, видливи, но концептуално плитки зафати што повеќе служат за политичка промоција отколку за вистинска заштита.

На крајот, клучното прашање останува: дали се инвестира во одржување на културното наследство, или во негово постепено бришење под превезот на ‘модернизација’? Кога автентичноста се сведува на декоративен елемент, а интервенциите се повторуваат без јасна одговорност за претходните, тогаш станува очигледно дека станува збор за политика на континуирано преуредување без визија, а на штета на историскиот идентитет на градот“, порачува Левица



Поврзани содржини

Шумска мафија во Струмица: Полицаец и шумски полицаец им ги откривале патролите на дрвокрадците

17 април 2026

Петрушевски: СДС е партија на лагите и конструкциите, живеат во свој свет полн со апсурд и фантазија

17 април 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и крешење на законите

17 април 2026
НАЈНОВО

Радев ја заврши кампањата со слика од средба со Путин

17 април 2026

Шумска мафија во Струмица: Полицаец и шумски полицаец им ги откривале патролите на дрвокрадците

17 април 2026

Започна 10-дневниот прекин на огнот меѓу Израел и Либан

17 април 2026

Левица против најавената реставрација на Старата чаршија: Калдрмата не е материјал туку историја

17 април 2026

ЕУ се свртува кон геотермалната енергија, шанса и за Хрватска

17 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.