Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Румен Радев вети дека нема да прави коалиција со Борисов и Пеевски

17 април 2026

Кривична пријава против в.д. директорката на Националниот парк „Галичица“ – дозволила градежни активности во заштитена зона

17 април 2026

Трамп потврди: Ормускиот Теснец е целосно отворен за пловидба

17 април 2026

Радев ја заврши кампањата со слика од средба со Путин

17 април 2026

Шумска мафија во Струмица: Полицаец и шумски полицаец им ги откривале патролите на дрвокрадците

17 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 17
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Шумска мафија во Струмица: Полицаец и шумски полицаец им ги откривале патролите на дрвокрадците

Press OnlineBy Press Online17 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На 17.04.2026 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против М.А. (42) од Струмица и В.П. (52) од Берово, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353, „оддавање на службена тајна“ по чл.360 и „пустошење на шуми“ по чл. 226 ст.3 во врска со чл.24 од КЗ.



М.А. (вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сектор за шумска полиција) и В.П. (вработен во МВР, РЦГР Исток) во својство на овластени службени лица ја злоупотребиле својата службена положба и овластување така што во текот на 2025 година постапувале спротивно на законските прописи опфатени во Законот за полиција и Законот за шуми и не превенирале при извршување на кривични дела меѓу кои и „пустошење на шуми“. М.А. и В.П. не ја извршувале својата службена должност и не постапувале по издадените наредби за вршење на дејност, при што на лица во својство на организатори на кривични дела им оддавале информации поврзани со движење на контролните патроли од МВР и Шумска полиција во пределот на Берово и Струмица.

Исто така, не постапувале по однос на нелегалната сеча, иако претходно имале информации и биле запознаени со нелегалните активности и согласно своите овластувања и опис и попис на работни задачи биле должни да постапат, при што овозможиле други лица да се стекнат со противправна имотна корист од големи размери



Поврзани содржини

Кривична пријава против в.д. директорката на Националниот парк „Галичица“ – дозволила градежни активности во заштитена зона

17 април 2026

Левица против најавената реставрација на Старата чаршија: Калдрмата не е материјал туку историја

17 април 2026

Петрушевски: СДС е партија на лагите и конструкциите, живеат во свој свет полн со апсурд и фантазија

17 април 2026
НАЈНОВО

Румен Радев вети дека нема да прави коалиција со Борисов и Пеевски

17 април 2026

Кривична пријава против в.д. директорката на Националниот парк „Галичица“ – дозволила градежни активности во заштитена зона

17 април 2026

Трамп потврди: Ормускиот Теснец е целосно отворен за пловидба

17 април 2026

Радев ја заврши кампањата со слика од средба со Путин

17 април 2026

Шумска мафија во Струмица: Полицаец и шумски полицаец им ги откривале патролите на дрвокрадците

17 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.