Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Куба потврди разговори со американски претставници во Хавана

22 април 2026

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

22 април 2026

Зеленски ги обвини американските претставници за непочитување на Украина

22 април 2026

ВЛЕН: Неуспехот на 5 министри и молкот на внукот на Али Ахмети го оставија албанскиот јазик надвор од правосудниот испит

22 април 2026

Филипче: Ако сме трета економија во Европа зошто Владата не ги покачи платите?

22 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, април 22
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ВЛЕН: Неуспехот на 5 министри и молкот на внукот на Али Ахмети го оставија албанскиот јазик надвор од правосудниот испит

Press OnlineBy Press Online22 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– За време на мандатот на Кренар Лога како министер за правда, се достигне врвот на лицемерието, кога во Комисијата за правосудниот испит како заменик-член бил вклучен и Бујар Ахмети, (внукот) синот на братот на Али Ахмети. Значи, не само што власта била во нивни раце, туку и одлучувачките структури. И повторно, ниту еден чекор напред. Ниту волја. Ниту правда за албанските студенти. Ова повеќе не е прашање на заборав или негрижа. Ова е намерна исклучувачка политика, прикриена со празна патриотска реторика, истакнуваат од ВЛЕН.

„Со години, Министерството за правда беше раководено од албански имиња, од Блерим Беџети, Аднан Јашари, Валдет Џафери, Билен Салиу, па сè до Кренар Лога. Пет министри. Пет мандати. Пет златни можности да се исправи една отворена неправда кон албанските студенти. И сепак, ништо не се промени.

Ова не е само институционален неуспех, ова е намерно потчинување и политичко предавство. Документот потпишан од Талат Џафери ја запечатува оваа горчлива реалност: албанскиот јазик е оставен надвор од еден од најважните професионални процеси. Уште поскандалозно, овој закон е донесен со бадентер, односно со гласовите на самите албански пратеници од Демократската унија за интеграција.

ВЛЕН не гради врз изговори, туку врз принципи. Бидејќи правилото е едноставно: иглата на компасот треба да се насочи кон вистинската точка. А вистинската точка е правдата, еднаквоста и достоинството на секој албански студент. Времето на оправдувања заврши. Времето на одговорност започна. Студентите албанци ќе го полагаат правосудниот испит на албански јазик“, се наведува во соопштението од ВЛЕН.

Поврзани содржини

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

22 април 2026

Филипче: Ако сме трета економија во Европа зошто Владата не ги покачи платите?

22 април 2026

Во Скопје се одржа настан за ученици по повод Светскиот ден на креативноста и иновациите

22 април 2026
НАЈНОВО

Куба потврди разговори со американски претставници во Хавана

22 април 2026

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

22 април 2026

Зеленски ги обвини американските претставници за непочитување на Украина

22 април 2026

ВЛЕН: Неуспехот на 5 министри и молкот на внукот на Али Ахмети го оставија албанскиот јазик надвор од правосудниот испит

22 април 2026

Филипче: Ако сме трета економија во Европа зошто Владата не ги покачи платите?

22 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.