Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Куба потврди разговори со американски претставници во Хавана

22 април 2026

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

22 април 2026

Зеленски ги обвини американските претставници за непочитување на Украина

22 април 2026

ВЛЕН: Неуспехот на 5 министри и молкот на внукот на Али Ахмети го оставија албанскиот јазик надвор од правосудниот испит

22 април 2026

Филипче: Ако сме трета економија во Европа зошто Владата не ги покачи платите?

22 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, април 22
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

Press OnlineBy Press Online22 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на синоќешната свечена седница по повод 35 години од основањето на СДСМ. Филипче додаде дека граѓаните заслужуваат поинаква политика и подобра иднина.

-Лагите, лажниот патриотизам, сировиот национализам на штета на меѓуетничките односи заврши. Ја враќаме власта во рацете на граѓаните. И затоа вечерва, на 35-годишнината на СДСМ, сакам да се вратиме не само на нашата историја, туку и на нашата мерка. На реченицата на Киро Глигоров: „Македонија е сѐ што имаме“. Во таа реченицa има повеќе државна мудрост отколку во многу врева што сме ја слушале во изминатите децении и што се уште ја слушаме и денес. Во таа мудрост, e нашата иднина. Затоа, вечерва да си ветиме држава што не се плаши од вистината. Да си ветиме политика достојна за Македонија.Тргнуваме против оваа ненародна криминална предавничка власт, одново чисти, скромни, искрени и посоцијалдемократски од кога било досега, рече Филипче.

Во обраќањето на свечената седница Филипче најави нов социјален и европски договор со граѓаните, заснован на правда, солидарност и одговорно управување со државните ресурси.

-Тоа значи енергетиката да не биде партиски плен, туку национален интерес. Тоа значи модерно земјоделство, агро ресет, тоа значи потврден македонски идентитет, македонски мултилатерализам, нула корупција, еко патриотизам, културна мобилизација, радикална меритократија, гиг солидарност, крај на прекаријатот. Тоа значи четиридневната работна недела, праведни даноци, стекнување на првиот дом, силна социјална заштита и европската перспектива да не звучат како кампањски партиски лаги и манипулации, туку како делови од еден нов социјален договор со граѓаните.Држава за луѓето, а не само луѓе за државата, рече Филипче.

Тој порача дека партијата ја создаваат луѓето кои веруваат во вредностите и отвореното општество.

-СДСМ ја прават луѓето што веруваат во вредностите. Луѓето што имаат отворени врати за знаење, за младост, за критика, што ги почитуваат ослободените медиуми, за жените, за невладините и други организации, за луѓе кои никому ништо не должат освен на сопствената совест и на јавниот интерес. СДСМ ја прави меритократијата, а не кругот на удобните. Ја прави почитта кон работникот, а не почитта кон титулата, рече Филипче.

Поврзани содржини

ВЛЕН: Неуспехот на 5 министри и молкот на внукот на Али Ахмети го оставија албанскиот јазик надвор од правосудниот испит

22 април 2026

Филипче: Ако сме трета економија во Европа зошто Владата не ги покачи платите?

22 април 2026

Во Скопје се одржа настан за ученици по повод Светскиот ден на креативноста и иновациите

22 април 2026
НАЈНОВО

Куба потврди разговори со американски претставници во Хавана

22 април 2026

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

22 април 2026

Зеленски ги обвини американските претставници за непочитување на Украина

22 април 2026

ВЛЕН: Неуспехот на 5 министри и молкот на внукот на Али Ахмети го оставија албанскиот јазик надвор од правосудниот испит

22 април 2026

Филипче: Ако сме трета економија во Европа зошто Владата не ги покачи платите?

22 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.