Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Илон Маск донира 1 милион долари за Рим за зачувување на културното наследство

23 април 2026

Полицајци претресуваат средношколци пред скопските училишта

23 април 2026

Рама ја обвини ЕУ дека направила „стратешка грешка“ со Русија, требало да преговара

23 април 2026

Исмаил: ВМРО-вците решија по скратена постапка да го отворат патот кон немилосрдна експлоатација на Македонија

23 април 2026

ЕК ќе ја стопира субвенцијата за Венецијанско биенале поради учество на Русија

23 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 23
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Зоран Ристовски е нов директор на МРТ

Press OnlineBy Press Online23 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Зоран Ристовски – Ѓуза е новиот прв човек на јавниот сервис. Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија денеска му даде доверба на Ристовски во наредниот три годишен мандат да ја води медиумската куќа. Ристовски, за кого во јавноста веќе извесен период се шпекулираше дека ќе биде избран, на оваа функција ќе го наследи Марјан Цветковски кој беше на чело на јавниот радиодифузен сервис речиси 14 години, откако во 2012 година беше избран.



За Ристовски на седницата гласале 12 од вкупно 13 членови на Програмскиот совет, а само од еден не добил поддршка. А, на седницата како негови конкуренти што се пријавиле на конкурсот, вкупно седум, биле и Тони Гламчевски, Искра Ребац, Перо Попов, Зоран Богатинов, Сотир Сотировски и Игор Себишки. Извори на „Фокус“ присутни на седницата велат дека неговата програма со повеќе од сто страници поднесена со кандидатирата се издвојувала по квантитет и студиозност во пристапот кон самата позиција за која се претендира. Наспроти, како што велат, друго програми кои била напишани само на некоку странички, некои од нив најверојатно само со користење на вештачка интелигенција.

Изборот на Ристоски не се смета за изненадување, затоа што во јавноста во неколку наврати неговото име беше споменувано како најсериозен кандидат да го замени Цветковски на директорската позиција. Се смета за личност кој, кажано метафорички, полесно може да ги отвори вратите во владејачките кругови што значи дека би имал повеќе шанси да протурка некои од работите што се неопходни за комплетирање на функционалноста на јавниот сервис. Во прв ред вработувањето , затоа што и во Телевизијата и во Радиото, велат информациите, ургентно е потребно освежување и надополнување на човечките ресурси, а тоа без согласност од министерствата за финансии и јавна администрација не е возможно.

За утре е предвидено избор на заменик директор на МРТ кој традиционално му припаѓа на претставник од албанската етничка заедница. Пријавени, според информации кои го пренесе „Фокус“ се 12 кандидати, а неофицијално, фаворит на власта е извесниот Џулијан Шабани



Поврзани содржини

Полицајци претресуваат средношколци пред скопските училишта

23 април 2026

Исмаил: ВМРО-вците решија по скратена постапка да го отворат патот кон немилосрдна експлоатација на Македонија

23 април 2026

Три превртени камиони на скопската обиколница

23 април 2026
НАЈНОВО

Илон Маск донира 1 милион долари за Рим за зачувување на културното наследство

23 април 2026

Полицајци претресуваат средношколци пред скопските училишта

23 април 2026

Рама ја обвини ЕУ дека направила „стратешка грешка“ со Русија, требало да преговара

23 април 2026

Исмаил: ВМРО-вците решија по скратена постапка да го отворат патот кон немилосрдна експлоатација на Македонија

23 април 2026

ЕК ќе ја стопира субвенцијата за Венецијанско биенале поради учество на Русија

23 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.