Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Рускоска за „27 април“: Светот ги виде доказите, политичарите треба да дадат оставка ако не ги исполнуваат ветувањата

24 април 2026

Принцот Хари во ненајавена посета на Украина за да го „потсети светот“ на војната

24 април 2026

Уапсени двајца вработени во скопскиот Кривичен суд, осомничени за корупција и барање поткуп

23 април 2026

Секретарот на американската морнарица, Џон Фелан, доби отказ од Хегсет

23 април 2026

Рускоска со емотивна исповед за 4ТВ: Татко ми беше ранет од бугарски куршум, но јас сум за внесување на Бугарите во Уставот

23 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 24
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Илон Маск донира 1 милион долари за Рим за зачувување на културното наследство

Press OnlineBy Press Online23 април 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американскиот милијардер Илон Маск донирал 1 милион долари (околу 1 милион евра) за зачувување на археолошкото и културното наследство на градот Рим, објави денес неговиот тим.

Според соопштението, донацијата е направена по повод 2779-тиот роденден на Рим и е наменета за поддршка на истражувањето, конзервацијата и реставрацијата на римското археолошко наследство, објавува „Рома денес“.

Средствата, се додава во соопштението, ќе бидат насочени кон работата на археолози, реставратори, универзитетски тимови и културни институции, како и кон проекти за дигитална документација, вклучувајќи 3Д скенирање и мапирање на историски места.

Тимот на Маск наведува дека вкупната помош за проекти поврзани со антички Рим во последните две години изнесува околу 4 милиони долари.

Тој претходно донирал средства за проекти во Рим, вклучувајќи програми за заштита и проучување на археолошкото наследство.

Минатиот октомври, Маск донираше еден милион евра во Рим за финансирање на програмата „Expandere Coscientiae Lumen“, исто така насочена кон поддршка на археолошките локалитети во главниот град.

Нашиот институт е финансиран од милијардерот Илон Маск, страствен археолог: Д-р Дариус А. Арја, директор на Американскиот институт за римска култура, со седиште во Рим, Италија

Маск го финансира и Американскиот институт за римска култура во Рим, со чиј грант во висина од 100.000 американски долари, лани,продолжија  конзерваторските работи на Теодосијанската палата во Стоби, најпознатиот римски археолошки локалитет во Македонија. Тоа, минатата недела го  потенцираше директорот на Американскиот институт д-р Дариус А. Арја , при посетата на Стоби заедно со претставници на странски фондации кои во изминатите неколку години донираа финансиски средства. Домаќин им беше министерот за култура, Зоран Љутков. 

 

Поврзани содржини

Принцот Хари во ненајавена посета на Украина за да го „потсети светот“ на војната

24 април 2026

Секретарот на американската морнарица, Џон Фелан, доби отказ од Хегсет

23 април 2026

Трамп: Ѝ наредив на морнарицата да пука и да го крене во воздух секој брод што поставува мини во Ормуската Теснина

23 април 2026
НАЈНОВО

Рускоска за „27 април“: Светот ги виде доказите, политичарите треба да дадат оставка ако не ги исполнуваат ветувањата

24 април 2026

Принцот Хари во ненајавена посета на Украина за да го „потсети светот“ на војната

24 април 2026

Уапсени двајца вработени во скопскиот Кривичен суд, осомничени за корупција и барање поткуп

23 април 2026

Секретарот на американската морнарица, Џон Фелан, доби отказ од Хегсет

23 април 2026

Рускоска со емотивна исповед за 4ТВ: Татко ми беше ранет од бугарски куршум, но јас сум за внесување на Бугарите во Уставот

23 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.