Втората фаза од изградбата на автопатот Скопје – Блаце би требало да започне многу брзо, откако ќе заврши тековната евалуација на понудите од тендерот, рече денеска министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и посочи дека процесот сега е во рацете на меѓународните финансиски институции.

Според министерот, тендерската постапка е целосно водена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која го објави повикот и во моментов врши детална евалуација на пристигнатите апликации. Токму од нивната финална одлука ќе зависи и точниот датум за почеток на градежните работи на терен.
– Advertisements –
„Имаме 11 понуди за автопатот Скопје – Блаце кои доаѓаат од реномирани компании. Евалуацијата ја прави Европската банка за обнова и развој, а најавите се дека многу брзо ќе излезат со конечна одлука“, изјави Николоски.
Доизградбата на оваа автопатска делница е од клучно значење за инфраструктурното поврзување на земјава со соседно Косово, што дополнително ќе ја олесни трговијата и протокот на патници меѓу двете држави

