Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Белата куќа ги минимизира иранските напади врз бродови во Ормуската Теснина

24 април 2026

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

24 април 2026

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

24 април 2026

Четворицата кандидати за прв човек на ОН во своите излагања го ставија мирот на прво место

24 април 2026

Филипче: Според Мицкоски може Бугари во Влада ама не може Бугари во Устав

24 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 24
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

Press OnlineBy Press Online24 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека со измените на Законот за Влада истакна останува техничката влада и на следните избори, а се укинува за изборите после нив. Па оттука, вели Мицкоски, стравот на опозицијата и на Филипче кои се противат на овие измени е дека и следните избори ќе ги изгубат.

– Измените во Законот за влада велат дека на следните парламентарни избори останува да важи техничката влада, а тоа подразбира дека како што беше за изборите во 2024-тата, на изборите во 2020-тата, на изборите во 2016-тата така и сега на следните избори парламентарни останува техничката влада. Јас 100 дена пред одржување на изборите како политички претседател на Владата давам оставка, доаѓа технички премиер, го бира Парламентот, опозицијата СДСМ учествува со свои кадри во рамките на владините тела, министерства, заменици министри итн. Мора јавноста ова да го знае, ова е факт дека на следните избори ние ќе имаме техничка влада, рече Мицкоски во интервју во Тема на денот на ТВ Сител.

Законот вели, додаде тој, дека од тие избори потоа, нема да важи, а тоа значи дека тие коишто ќе ја предводат владата после победата на следните избори веќе ќе немаат техничка влада.

Мицкоски исто така додаде дека ако СДСМ е толку силна и екипирана и дека ќе победи на следните избори како што тврди Филипче,  во тој случај на следните избори СДСМ би формирала влада, а ВМРО-ДПМНЕ би била опозиција на изборите потоа, па затоа не се разбирливи аргументите на СДСМ со кои се спротивставуваат на ова решение.

– И сега ако ние веруваме дека сме зрела демократија и зрело демократско општество, ако ние веруваме дека навистина техничката влада си го одработила своето и застануваме позади овој концепт, притоа ризикувајќи дека вака како што вели тој, мобилизирана, екипирана СДСМ, секојдневно и се приклучуваат интелектуалци, професори итн., победува на следните избори, тоа значи дека на тие избори после следните ние ќе бидеме опозиција, а тие ќе бидат влада. Така што јас навистина не можам овие аргументи, овие тези би рекол без никаква логика, да ги разберам – истакна Мицкоски.

Поврзани содржини

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

24 април 2026

Филипче: Според Мицкоски може Бугари во Влада ама не може Бугари во Устав

24 април 2026

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

24 април 2026
НАЈНОВО

Белата куќа ги минимизира иранските напади врз бродови во Ормуската Теснина

24 април 2026

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

24 април 2026

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

24 април 2026

Четворицата кандидати за прв човек на ОН во своите излагања го ставија мирот на прво место

24 април 2026

Филипче: Според Мицкоски може Бугари во Влада ама не може Бугари во Устав

24 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.