Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

24 април 2026

Папата Лав ги повика САД и Иран да се врата на преговарачка маса

24 април 2026

Силен земјотрес јужно од грчкиот остров Крит

24 април 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

24 април 2026

Белата куќа ги минимизира иранските напади врз бродови во Ормуската Теснина

24 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 24
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

Press OnlineBy Press Online24 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Укинувањето на техничката Влада е автократки манир и нема да го прифатиме, таа не треба и не може да се укине, бидејќи е единствен гарант за спроведување на фер и демократски избори, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието. Филипче посочи дека во состојба кога власта има целосна контрола врз судството, кога не се знае како се користат податоците од системот Сејф Сити, не семее да се случи укинување на техничката влада.

„Вакви автократски манири не се дозволени и нема да прифатиме. Да потсетам, тој закон беше донесен за изборите во 2016 година, но на барање на Христијан Мицковски законот беше вратен во 2018 година и така важеше на нивно барање и за парламентарните избори во 2020 година“, рече Филипче.

Притоа, Филипче додаде дека овој потег на владеење на владата на Мицкоски е еднаков на манирот на владеење од времето на Никола Груевски од 2006 до 2016 година и доколку власта не го повлече, пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе се повлече од работната група за работа на изборниот закон.

„Власта овој закон мора го повлече, Пржинската Влада, којашто е единствен гарант во оваа форма во која што сега важи законот за спроведување на фер и демократски избори, мора да остане. Овој манир на владеење е еднаков на манирот на владеење од времето на Никола Груевски од 2006 до 2016 година. И затоа, доколку денеска овој закон помине на Комисија и власта продолжи да ја тера собраниската процедура, нашата пратеничка група се повлекува од работната група за работа на изборниот закон“, рече Филипе.

Поврзани содржини

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

24 април 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

24 април 2026

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

24 април 2026
НАЈНОВО

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

24 април 2026

Папата Лав ги повика САД и Иран да се врата на преговарачка маса

24 април 2026

Силен земјотрес јужно од грчкиот остров Крит

24 април 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

24 април 2026

Белата куќа ги минимизира иранските напади врз бродови во Ормуската Теснина

24 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.