Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

24 април 2026

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

24 април 2026

Папата Лав ги повика САД и Иран да се врата на преговарачка маса

24 април 2026

Силен земјотрес јужно од грчкиот остров Крит

24 април 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

24 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 24
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

Press OnlineBy Press Online24 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Ова е момент кога еден град се гледа себеси со нови очи и кога ја гради својата иднина преку културата. Ова е можност да создадеме нова приказна за Скопје — приказна на отвореност, соработка и заедништво. Ова не е проект на институциите. Ова е проект на луѓето. На сите нас“, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков во своето воведно обраќање на конференцијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, што денеска се одржува во главниот град, пренесуваат од Министерството за култура и туризам.

На конференцијата посветена на еден од најзначајните стратегиски проекти за нашата земја, министерот Љутков, во присуство на евроамбасадорот, градоначалници и делегации од градовите партнери, претставници на меѓународни институции, академската заедница, како и многубројни домашни и странски гости, нагласи дека Скопје има историска шанса да се афирмира како современ европски културен центар.

Љутков потенцираше дека проектот ја има целосната и недвосмислена поддршка од Владата, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која обезбедува институционална, финансиска и политичка стабилност за неговата реализација.

„Поддршката е силна и јасна – таа значи континуитет, координација и сигурност дека оваа визија ќе се реализира“, истакна тој.

Говорејќи за значењето на титулата Европска престолнина на културата 2028, министерот посочи:

„Не зборуваме само за титула. Зборуваме за процес што го менува градот – за нова енергија, за нови културни простори и за можност Скопје да стане вистинска точка на поврзување во Европа.“

Тој додаде дека оваа иницијатива не е насочена само кон 2028 година, туку кон долгорочна трансформација:

„Ова што го градиме денес ќе се чувствува и по 2028 година — како нов културен импулс, како нов начин на живеење на градот.“

Во таа смисла, беа истакнати и конкретни проекти за унапредување на културната инфраструктура, меѓу кои ревитализацијата на Скопското кале, заштитата на Скопскиот аквадукт, обновата на Универзална сала, оживувањето на локалитетот Скупи, како и создавање нови културни простори, што ќе им припаѓаат на граѓаните.

„Европа не е само политика — Европа е култура, идентитет и заедничко чувство на припадност. Скопје 2028 е нашата можност тоа јасно да го покажеме“, порача министерот Љутков.

Конференцијата продолжува со панел-дискусии посветени на културата, урбаните политики и развојот на одржливи европски градови, со фокус на зајакнување на соработката и размена на идеи.

Поврзани содржини

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

24 април 2026

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

24 април 2026

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

24 април 2026
НАЈНОВО

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

24 април 2026

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

24 април 2026

Папата Лав ги повика САД и Иран да се врата на преговарачка маса

24 април 2026

Силен земјотрес јужно од грчкиот остров Крит

24 април 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

24 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.