Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Семејства обвинуваат дека АД Бутел изместил гробни места во Синґелик за да обезбеди простор за други гробни места

25 април 2026

По поразот Орбан се повлекува од парламентот

25 април 2026

ТЕЖОК СКАНДАЛ И ИНЦИДЕНТ во игротека во Скопје: Келнер заведувал 10 годишно дете и барал да одат до тоалетот!

25 април 2026

СДСМ: Со измените на Законот за минерални суровини, Владата подготвува еколошки геноцид и грабеж

25 април 2026

Четворицата работници кои беа повредени на градилиште во Кисела Вода се во добра состојба

25 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, април 25
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

СДСМ: Со измените на Законот за минерални суровини, Владата подготвува еколошки геноцид и грабеж

Press OnlineBy Press Online25 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Опозициската СДСМ обвинува дека предложените измени на Законот за минерални суровини водат кон еколошки геноцид и фаворизирање на бизнис-интереси на моќници блиски до власта.

Од СДСМ тврдат дека под превезот на „стратешки интереси“, новите законски решенија отвораат пат за насилно рударење и профит на поединци, на директна штета на здравјето на граѓаните и животната средина.

Партијата обвинува дека со воведувањето на правото за експлоатација врз основа на одлука за експропријација, локалните заедници и граѓаните целосно се исфрлаат од процесот на одлучување.

Според опозицијата, овие измени овозможуваат механизам за насилно одземање ниви и имоти под маската на „јавен интерес“.

СДСМ прашува зошто законот се носи по скратена постапка доколку е за доброто на државата и додаваат дека власта бега од јавна дебата и експертска анализа.

Се посочува дека со новите измени Владата ја презема целата контрола, занемарувајќи ја волјата на општините, што според опозицијата е „енергетско деспотство“.

Од СДСМ порачуваат дека нема да дозволат здравјето на луѓето да биде жртвувано за бизнис-апетити. Тие бараат итно повлекување на предложените измени и отворање широка јавна расправа.

„Профитот на неколкумина не смее и нема да биде поважен од здравјето на луѓето“, се вели во соопштението на партијата.

Денеска од ВМРО-ДПМНЕ, пак, рекоа дека дел од изнесените тврдења не соодветствуваат со содржината на самиот закон. Од партијата велат дека овие измени не претставуваат дерегулација, ниту намалување на заштитата на животната средина.

Велат дека со измените се воведува дополнителна контрола од страна на Владата и оти тие овозможуваат во постапката за добивање дозвола за експлоатација да се земе предвид и одлука за поведување постапка за експропријација, но исклучиво во случаи кога станува збор за проекти од јавен интерес.

Оттаму велат дека со овие измени не се укинува обврската за студии за влијание врз животната средина, не се намалуваат еколошките стандарди, не се укинуваат инспекциските контроли, не се менуваат обврските за управување со отпад и води. Сите постојни механизми за заштита на животната средина остануваат целосно во сила.

Извор: 360stepeni.mk 



Поврзани содржини

Семејства обвинуваат дека АД Бутел изместил гробни места во Синґелик за да обезбеди простор за други гробни места

25 април 2026

ТЕЖОК СКАНДАЛ И ИНЦИДЕНТ во игротека во Скопје: Келнер заведувал 10 годишно дете и барал да одат до тоалетот!

25 април 2026

Четворицата работници кои беа повредени на градилиште во Кисела Вода се во добра состојба

25 април 2026
НАЈНОВО

Семејства обвинуваат дека АД Бутел изместил гробни места во Синґелик за да обезбеди простор за други гробни места

25 април 2026

По поразот Орбан се повлекува од парламентот

25 април 2026

ТЕЖОК СКАНДАЛ И ИНЦИДЕНТ во игротека во Скопје: Келнер заведувал 10 годишно дете и барал да одат до тоалетот!

25 април 2026

СДСМ: Со измените на Законот за минерални суровини, Владата подготвува еколошки геноцид и грабеж

25 април 2026

Четворицата работници кои беа повредени на градилиште во Кисела Вода се во добра состојба

25 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.