Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

МВР со детали за пожарот во Карпош: изгореа „ауди“ и „пежо“, оштетен и семафор

26 април 2026

Изборните комисии на единиците на УКИМ утре ќе го подигнат изборниот материјал од УИК пред гласањето во вторник за нов ректор на Универзитетот

26 април 2026

Напаѓачот во Хилтон признал дека мета му биле функционерите

26 април 2026

СДСМ: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го праша народот – референдум за рудникот за антимон!

26 април 2026

Што се случуваше во балската сала додека бегаше Трамп?

26 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, април 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ЛДП: Прашањето за државјанството на пратениците и функционерите да се регулира со отворање на Уставот

Press OnlineBy Press Online26 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Правникот и член на раководството на ЛДП, Илија Чилиманов, посочува дека обидите со закон да се регулира прашањето на државјанството на пратениците, без притоа да се отвори Уставот, е свесна манипулација, се наведува во соопштение на Либерално-демократската партија (ЛДП),

Либерално-демократската партија (ЛДП) повикува на итно прекинување на празната реторика и лажниот патриотизам што се сервира преку селективни законски измени. Наместо дневнополитички театар, кој ни го сервираа(т), ЛДП нуди правно решение  за вистинска одговорност на секој избран и назначен функционер.

Истакнатиот правник и член на раководството на ЛДП, Илија Чилиманов, посочува дека обидите со закон да се регулира прашањето на државјанството на пратениците, без притоа да се отвори Уставот, е свесна манипулација.

„Како либерали, ние не го спориме правото на избор на секој граѓанин. Но, како правници, укажуваме дека не смее да има демагогија: предлозите кои се косат со Европскиот суд за човекови права се само ветер и магла. Ако предлагачите навистина сакаат функционери со само едно државјанство, патот е само еден, веднаш да се отвори Уставот и правилата да важат подеднакво за сите, без привилегии“, нагласува Чилиманов.

ЛДП инсистира на конкретни чекори за соголување на оваа нова популистичко-политичка претстава:

1. Нотарска изјава како личен тест: ЛДП ги повикува сите пратеници и функционери да дадат нотарска изјава за државјанството под кривична одговорност. Да се види кој е подготвен да ја гарантира својата искреност со законска последица, а кој само профитира од популизам.

2. Сеопфатни уставни измени: Отворањето на Уставот е шанса не само за дефинирање на критериумите за функционерите, туку и за остварување на клучните заложби на ЛДП за еднаквост и економски заштеди за народот: намалување на бројот на пратеници на 90 и ограничување на бројот на членови на Владата на максимум 15.

3. Крај за двојните аршини: Политичката елита не смее да биде над граѓаните. Лојалноста не се докажува со знамиња или политички трикови, туку со почитување на институциите и уставниот поредок.

ЛДП останува на ставот дека државата не се сака со демагогија, неискреност и дволичност, туку со транспарентност и чист образ пред граѓаните. Време е некои политичари да престанат да се кријат зад популистички флоскули и да покажат вистинска храброст за системски промени. Граѓаните сакаат да знаат за кого гласаат и што им останува во џебот.

Либерално-демократската партија



Поврзани содржини

МВР со детали за пожарот во Карпош: изгореа „ауди“ и „пежо“, оштетен и семафор

26 април 2026

Изборните комисии на единиците на УКИМ утре ќе го подигнат изборниот материјал од УИК пред гласањето во вторник за нов ректор на Универзитетот

26 април 2026

СДСМ: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го праша народот – референдум за рудникот за антимон!

26 април 2026
НАЈНОВО

МВР со детали за пожарот во Карпош: изгореа „ауди“ и „пежо“, оштетен и семафор

26 април 2026

Изборните комисии на единиците на УКИМ утре ќе го подигнат изборниот материјал од УИК пред гласањето во вторник за нов ректор на Универзитетот

26 април 2026

Напаѓачот во Хилтон признал дека мета му биле функционерите

26 април 2026

СДСМ: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го праша народот – референдум за рудникот за антимон!

26 април 2026

Што се случуваше во балската сала додека бегаше Трамп?

26 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.