Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Можат ли здружените ривали да го соборат Нетанјаху од власт?

27 април 2026

Нема да правиме уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на патот кон ЕУ, вели Муцунски

27 април 2026

Турција ќе привлекува инвестиции со даночни олеснувања

27 април 2026

Спасовски: Законот за двојно државјанство да важи веднаш и за министрите, власта се губи во евтин популизам

27 април 2026

Екстремни врнежи од дожд во Кина – предизвикаа масовни поплави

27 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Започна судскиот процес против поранешниот албански претседател, Илир Мета

Press OnlineBy Press Online27 април 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Тирана – Во Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал (GJKKO) се одржа првото рочиште во главната постапка, против поранешниот албански претседател Илир Мета, кој во затворски притвор е од 21 октомври 2024 година.

На рочиштето присуствуваше и Мета, кој за првпат се појави во јавноста откако беше уапсен.  Тој претходно побара од Специјалниот суд да се обезбеди директен пренос на целиот процес, барање за кое судот сè уште нема донесено одлука.

Неговиот адвокат, Кујтим Цакрани, во изјава за медиумите денеска истакна дека е неприфатливо рочиштата за овој судски процес да не бидат директно пренесувани за јавноста.

Во овој предмет ќе ѝ се суди и на поранешната сопруга на Мета, Моника Круемaди, која исто така беше присутна на првото рочиште, како и нејзината мајка Фатиме Круемади, чиј адвокат побара одложување на рочиштето, бидејќи немал полномошно да бара скратена постапка.

Следното рочиште за овој судски процес е закажано за 11 мај.

Сите судски инстанции до сега, последно и Уставниот суд, на 8 април,  ги одбија барањата на Мета за укинување на притворот, додека Круемади има безбедносна мерка пријавување во судот еднаш месечно.

Според обвиненијата, се осомничени за фаворизирање на приватни компании и други активности со лобирање во САД и купување и продажба на станови во замена за добивање значителни суми пари, кои се обиделе да ги скријат.

Мета (57),  кој моментално е претседател на опозициската Партија на слободата, шеф на албанската држава беше во периодот од 24 јули 2017 до 24 јули 2022 година. Претходно беше премиер, министер за надворешни работи, претседател на парламент.

Во судската зграда биле присутни пратеници од неговата партија, како и од Демократската, кои ги поздравил со подигнати два прста, а потоа со рацете направил и орел извикувајќи „Албанија на Албанците“. 

Поврзани содржини

Турција ќе привлекува инвестиции со даночни олеснувања

27 април 2026

Нови пријави за бомби во училиштата во Загреб

27 април 2026

Европа и Балканот ќе ги зафати необичен студен бран

27 април 2026
НАЈНОВО

Можат ли здружените ривали да го соборат Нетанјаху од власт?

27 април 2026

Нема да правиме уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на патот кон ЕУ, вели Муцунски

27 април 2026

Турција ќе привлекува инвестиции со даночни олеснувања

27 април 2026

Спасовски: Законот за двојно државјанство да важи веднаш и за министрите, власта се губи во евтин популизам

27 април 2026

Екстремни врнежи од дожд во Кина – предизвикаа масовни поплави

27 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.