Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Вештачење за повредените во „Пулс“: Во пожарот 157 лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 65 со телесни повреди, дваесетина се деца

28 април 2026

Бурни реакции во Босна на картата објавена на собир во Загреб

28 април 2026

Обединетите Арапски Емирати излегуваат од ОПЕК по шест децении членство

28 април 2026

Патот Евзони – Солун конечно станува автопат

28 април 2026

Војната на Блискиот Исток го разнишува туризмот во Западен Балкан

28 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, април 28
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ЗНАМ: Раскол во редовите на СДСМ, кој ја води партијата – Филипче или Спасовски

Press OnlineBy Press Online28 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска обвини дека во СДСМ постои сериозна некоординираност и внатрешен раскол, посочувајќи дека партијата во рок од неколку часа испратила спротивставени пораки во врска со измените на Законот за Влада и можниот однос кон работата на Собранието.



Од ЗНАМ оценуваат дека јавноста наместо јасен став добила контрадикторни изјави од врвот на СДСМ, што според нив покажува дека во партијата нема усогласеност околу клучните политички прашања.

Како пример ги наведоа изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој изјави дека партијата нема да го напушти Собранието, туку само нема да учествува во работната група за Изборниот закон, и на координаторот на пратеничката група, Оливер Спасовски, кој порача дека „ниедна демократска метода не се исклучува“ и дека се можни и други чекори.

„Кој ја кажува вистината? Кој е релевантниот став на СДСМ? Кој ја води политиката на партијата – претседателот или координаторот? Има ли кормилар на бродот СДСМ?“, прашаа јавно од ЗНАМ.

Од партијата дополнително реагираа и на тврдењата на Спасовски дека немало комуникација и дебата за Законот за Влада, наведувајќи дека тој бил директно вклучен во процесот, присуствувал на работни средби организирани од Министерството за јавна администрација и лично ги добил предложените измени.

Според ЗНАМ, тезите за недостиг на дијалог не соодветствуваат со фактите и оставаат впечаток дека СДСМ се обидува да ја редефинира својата позиција пред јавноста.

Партијата постави и дополнителни прашања до опозициската партија – дали ваквиот пристап значи подготовка за блокада на институциите, дали станува збор за вовед во пошироко сценарио за напуштање на Собранието и дали причината е, како што велат, избегнување изборен пораз.

„Свесни сме дека расколот во СДСМ е очигледен и дека постојат внатрешни фракции и борба за влијание, но не смееме да дозволиме таа нестабилност да се пренесува како политичка неизвесност во државата“, порачаа од ЗНАМ.

Од таму нагласија дека остануваат на ставот оти институциите мора да функционираат непречено и дека Собранието треба да биде место за аргументирана дебата, а не простор за политички маневри



Поврзани содржини

Вештачење за повредените во „Пулс“: Во пожарот 157 лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 65 со телесни повреди, дваесетина се деца

28 април 2026

Патот Евзони – Солун конечно станува автопат

28 април 2026

„Договорите не се поништуваат“ и „Уметниците не се понижуваат“ – порака на СКРМ пред Уставен

28 април 2026
НАЈНОВО

Вештачење за повредените во „Пулс“: Во пожарот 157 лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 65 со телесни повреди, дваесетина се деца

28 април 2026

Бурни реакции во Босна на картата објавена на собир во Загреб

28 април 2026

Обединетите Арапски Емирати излегуваат од ОПЕК по шест децении членство

28 април 2026

Патот Евзони – Солун конечно станува автопат

28 април 2026

Војната на Блискиот Исток го разнишува туризмот во Западен Балкан

28 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.