Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Свет без чад до 2040? Алтернативните никотински производи во фокусот на новите истражувања

4 мај 2026

Крај на рекламите за бургери: Амстердам прв во светот ги забрани

4 мај 2026

Спиропали ја загрозува политичката иднина на Рама во Албанија

4 мај 2026

Судење за „Пулс“: Одбраната на Дејан Јованов побара исклучување на јавноста, судијката одби

4 мај 2026

Филипче со едното око намигнува на Европа, а со другото на блиските проруски соработници Онишченко, Дака, Борче Марковски со кои имаат бизнис шеми со кланот Заеви, вели ВМРО-ДПМНЕ

4 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 4
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Трагедија во Драч: Пијам возач усмрти две деца додека си играле на тротоар, трето се бори за живот

Press OnlineBy Press Online4 мај 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Трагичен настан, што се случи во пристанишниот град Драч,  ја вознемири албанската јавност, кога возач кој управувал возило под дејство на алкохол удрил во деца додека играле на тротоар.

Од ударот на местото на несреќата починале две деца на 10 и 13 години, додека едно на 8- годишна возраст се бори за живот на клиниката за трауматологија во Тирана. Четвртото дете кое било со нив е неповредено.

Возачот Никол Радачи (57)  го напуштил местото на несреќата веднаш по инцидентот, оставајќи го возилото, но подоцна бил уапсен од полицијата.

При апсењето рекол „убијтеме, не заслужувам да живеам ги зедов на душа децата”.

-Едно од децата што го загуби животот  и тешко повреденото се братчиња, додека третото дете им е братучед. Неговите родители се во Италија на лекување од канцер на неговиот татко а дома со него била неговата сестра, објавија медиуми пренесувајќи изјави на соседите.

Соседите исто така тврдат дека  возачот,  Радачи, кој живеел во истиот дел на Драч, бил познат како проблематично лице, извршувал опасни маневри со автомобилот и консумирал алкохол.

По трагичниот настан, што се случи вчера доцна попладне, реагираа државниот врв, политички партии, министри кои изразија длабоко сочувство до семејствата.

Премиерот Еди Рама упати апел до  медиумите и порталите на поголема одговорност и чувствителност во известувањето за настанот.

„Должност на сите, но особено на медиумите, е да покажат воздржаност, чувствителност и одговорност“, напиша тој на социјалните мрежи, додавајќи дека објавувањето на “морничави слики не е информирање, туку само ја зголемува болката на погодените семејства”.

Поврзани содржини

Спиропали ја загрозува политичката иднина на Рама во Албанија

4 мај 2026

Србија купува рекордна количина злато од кинеска компанија

4 мај 2026

Четириесет и шест години од смртта на Јосип Броз Тито

4 мај 2026
НАЈНОВО

Свет без чад до 2040? Алтернативните никотински производи во фокусот на новите истражувања

4 мај 2026

Крај на рекламите за бургери: Амстердам прв во светот ги забрани

4 мај 2026

Спиропали ја загрозува политичката иднина на Рама во Албанија

4 мај 2026

Судење за „Пулс“: Одбраната на Дејан Јованов побара исклучување на јавноста, судијката одби

4 мај 2026

Филипче со едното око намигнува на Европа, а со другото на блиските проруски соработници Онишченко, Дака, Борче Марковски со кои имаат бизнис шеми со кланот Заеви, вели ВМРО-ДПМНЕ

4 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.