Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицковски – Неможе времено да се работи надвор во некој туристички центри,таму да плаќаме данок а дома бесплатно да се лекуваме

7 мај 2026

Двајца кинески поранешни министри за одбрана осудени на смрт со одложување поради корупција

7 мај 2026

Берсе: Работиме на спроведување на одлуките на ЕСЧП против Бугарија, процесот трае предолго

7 мај 2026

Кривичен суд објасни зошто Стојанче Јовановски доби 12, а не максимални 13 години затвор

7 мај 2026

Владеечкото семејство на ОАЕ „спие“ на нафта, а добива земјоделски субвенции од ЕУ

7 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 7
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Берсе: Работиме на спроведување на одлуките на ЕСЧП против Бугарија, процесот трае предолго

Press OnlineBy Press Online7 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, за време на денешната посета на Скопје рече дека активно работат на спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесени против Бугарија. На заедничката прес-конференција со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, Берсе рече дека овој процес трае предолго.

Берсе рече дека улогата на Советот на Европа не завршува со донесувањето на пресудите, туку е и во нивната имплементација. Тој најави дека Комитетот на министри ќе го разгледа ова прашање со цел спроведувањето на одлуките да стане реалност.

Рече и дека стабилноста на процесот е исто така важна затоа што мора да биде повеќе од само симболично решение.

„Вие сте целосно во право, беше предолго извршувањето. Тоа е јасно. Но продолжуваме да работиме на ова и се надевам дека ќе имаме позитивен резултат многу бргу“, додаде Берсе.

Во однос на десетгодишната забрана за влез во Бугарија на адвокатот Тони Менкиноски, кој ги застапува Македонците во Бугарија, Берсе не коментираше конкретни случаи, но рече дека заштитата на адвокатите е од суштинско значење во едно општество.

„Советот на Европа разработи специјална Конвенција за заштита на адвокатите од непријателски дејствија, не знам дека и Северна Македонија ја има потпишано таа Конвенција, не се спроведува се уште бидејќи е во фаза на разработка, но и Комисијата за човекови права, ќе може да ја заврши својата работа и во овој случај да ја процени ситуацијата“, рече Берсе.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, потенцираше дека Македонија е земја која доследно ги применува пресудите на Судот во Стразбур, иако тоа понекогаш не е лесно.

„Европската конвенција и пресудите на судот, покрај имплементација на заеднички простор на водење на правото, се и морален компас за земјите членки. И колку и тоа да не е лесно, обврска на земјите-членки е тоа да го прават. Во однос на конкретните предмети, државата, иако не е странка во постапките, за жал тоа е нешто од минатото што не можеме сега да го поправиме, сепак сме земја членка на Советот на Европа и ние нашите перспективи во однос на тоа прашање ги даваме во рамките на Комитетот на министри како земја членка на Советот на Европа и очекуваме дека сите земји членки ќе си ги преземат своите обврски во согласност со Конвенцијата“, рече Муцунски.

Извор: 360stepeni.mk 



Поврзани содржини

Мицковски – Неможе времено да се работи надвор во некој туристички центри,таму да плаќаме данок а дома бесплатно да се лекуваме

7 мај 2026

Кривичен суд објасни зошто Стојанче Јовановски доби 12, а не максимални 13 години затвор

7 мај 2026

Македонија повторно меѓу најзагадените критични точки на стариот континент

7 мај 2026
НАЈНОВО

Мицковски – Неможе времено да се работи надвор во некој туристички центри,таму да плаќаме данок а дома бесплатно да се лекуваме

7 мај 2026

Двајца кинески поранешни министри за одбрана осудени на смрт со одложување поради корупција

7 мај 2026

Берсе: Работиме на спроведување на одлуките на ЕСЧП против Бугарија, процесот трае предолго

7 мај 2026

Кривичен суд објасни зошто Стојанче Јовановски доби 12, а не максимални 13 години затвор

7 мај 2026

Владеечкото семејство на ОАЕ „спие“ на нафта, а добива земјоделски субвенции од ЕУ

7 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.