
Полицијата во Кавадарци вчера уапси 26-годишен маж под сомнение за сторено кривично дело „задоволовување на полови страсти“ на јавно место.
Според информациите од СВР Велес, полицајците вчера попладне го привеле лицето Ј.Л. (26) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од негова сограѓанка.
„26-годишна кавадарчанка пријавила дека во возило на паркинг простор во Кавадарци, лицето се самозадоволувало пред нејзината малолетна ќерка“, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Осомничениот веднаш бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
За случајот се известени Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци.
Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на овој непријатен настан, против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

