Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Обвинетиот за нападот врз Трамп на суд рече дека не сакал да го убие американскиот претседател

11 мај 2026

Возач на приватна „63-ка“ не го знаел патот до Мралино, па ги оставил патниците на пола пат и се вратил назад во Скопје

11 мај 2026

Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка, велат од ГРОМ

11 мај 2026

ЕУ ќе воведува санкции врз израелските доселеници – насилници

11 мај 2026

Позната е имотната состојба на грчките политичари: Мицотакис има 26 недвижнини

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

Press OnlineBy Press Online11 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција укажа дека ВМРО со пропагандата што ја спроведува преку своите медиуми се обидува одговорноста за застојот во реформите да ја префрли врз Европската Унија. Филипче посочи дека наместо реални резултати и спроведени реформи, јавноста е сведок на политички спинови и обиди за манипулација со граѓаните.



„Муцунски грмнал во Брисел, Тимчо. Ова веќе звучи смешно само по себе. Но, она што воопшто не е смешно е дека криминалната група на ВМРО преку нивните медиуми, сега внимавајте, ја обвинуваат Европската Унија дека не се спроведуваат реформите тука кај нас.Повторувам што објавиле – Тимчо Муцунски, министер на криминалната група ВМРО, и во име на шефот на бандата Христијан Мицкоски, грмнал во Брисел и ја обвинил ЕУ дека таа е виновна што ние не ги спроведуваме реформите како услов за продолжување на преговорите”, рече Филипче.

Притоа, Филипче нагласи дека ваквиот наратив на владата на ВМРО е класична политичка манипулација и обид за избегнување одговорност.

„Кој е овде луд? Тие ништо не работат на реформите, па им е виновна Европската Унија? Дали разбирате до кој степен на манипулација се оди? До вчера ние бевме виновни за сè. Денес е виновен Брисел и целата Европска Унија. Муцунски, исто како и Мицкоски дома, пред македонските граѓани зборуваат едно, но во Брисел зборуваат друго. Денеска повторно го слушнавме тоа и го видовме. Не ги исполниле реформите и немаат што да бараат во Брисел. Но, важно е што сакаат да им пласираат на граѓаните. Повторно лаги и манипулации. Вести од ваков тип, кои излегуваат од кујната на ВМРО се лаги кои служат за манипулација и поделби на граѓаните”, рече Филипче.



Поврзани содржини

Возач на приватна „63-ка“ не го знаел патот до Мралино, па ги оставил патниците на пола пат и се вратил назад во Скопје

11 мај 2026

Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка, велат од ГРОМ

11 мај 2026

Ана Дангова Хуг нов предлог за судија во Стразбур

11 мај 2026
НАЈНОВО

Обвинетиот за нападот врз Трамп на суд рече дека не сакал да го убие американскиот претседател

11 мај 2026

Возач на приватна „63-ка“ не го знаел патот до Мралино, па ги оставил патниците на пола пат и се вратил назад во Скопје

11 мај 2026

Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка, велат од ГРОМ

11 мај 2026

ЕУ ќе воведува санкции врз израелските доселеници – насилници

11 мај 2026

Позната е имотната состојба на грчките политичари: Мицотакис има 26 недвижнини

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.