Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Биљали за Локално : Не гледам понуда од ВЛЕН за подобар живот, туку гнев и инает да се победи ривалот

11 мај 2026

Трамп ја суспендира федералната такса на бензин за да им помогне на Американците со цените на горивата

11 мај 2026

Касами за реконструкција на Владата: Подготвени сме за ротација на ресори

11 мај 2026

Обвинителството и ДКСК потпишаа Меморандум за зајакнување на интегритетот и борба против корупцијата

11 мај 2026

Унгарија нема повеќе да ја уценува ЕУ

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Унгарија нема повеќе да ја уценува ЕУ

Press OnlineBy Press Online11 мај 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новата унгарска министерка за надворешни работи, Анита Орбан, најави пресврт во надворешната политика на Будимпешта. Пред денешниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, таа изјави дека нејзината земја повеќе нема да го користи ветото како инструмент за уцена и ќе работи на враќање на довербата со партнерите во Европската Унија и НАТО, пишува Украинска Правда.

Орбан нагласи дека Унгарија „премногу често станувала пречка во европскиот процес на донесување одлуки“. „Не го користевме ветото како последно средство, туку за политички ПР“, рече таа.

Став за Украина

Во врска со Украина, Орбан објасни дека Будимпешта ќе ја поддржи нејзината понатамошна интеграција во ЕУ исклучиво врз основа на „строг национален интерес“. Таа додаде дека Унгарија ќе продолжи да бара дополнителни права за унгарското малцинство во Украина.

Овие изјави доаѓаат по промената на владата во Унгарија. Виктор Орбан, кој владееше со Унгарија 16 години, беше поразен на изборите.

Петер Маѓар, лидер на до неодамна опозициската партија Тиса, завчера положи заклетва и официјално ја презеде функцијата. Пред тоа, на конститутивната седница на парламентот беше избрана нова претседателка на собранието, а една од нејзините први одлуки беше враќањето на знамето на Европската унија во зградата на парламентот.

Поврзани содржини

Трамп ја суспендира федералната такса на бензин за да им помогне на Американците со цените на горивата

11 мај 2026

Норовирус коси на друг крузер: Заболени над 100 патници и членови на екипажот

11 мај 2026

Обвинетиот за нападот врз Трамп на суд рече дека не сакал да го убие американскиот претседател

11 мај 2026
НАЈНОВО

Биљали за Локално : Не гледам понуда од ВЛЕН за подобар живот, туку гнев и инает да се победи ривалот

11 мај 2026

Трамп ја суспендира федералната такса на бензин за да им помогне на Американците со цените на горивата

11 мај 2026

Касами за реконструкција на Владата: Подготвени сме за ротација на ресори

11 мај 2026

Обвинителството и ДКСК потпишаа Меморандум за зајакнување на интегритетот и борба против корупцијата

11 мај 2026

Унгарија нема повеќе да ја уценува ЕУ

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.