Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

Поранешниот премиер Едуар Филип ќе ги обединува Французите против Бардела

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026

Грција презеде иницијатива проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да стане реалност

11 мај 2026

Општина Центар со повик за поправка на кровови и лифтови

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Муцунски од Брисел: Потребно е да се оттргнеме од билатерализацијата на пристапните критериуми за ЕУ

Press OnlineBy Press Online11 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шефот на дипломaтијата, во видео обраќање, вели дека Македонија постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда, особено во последните месеци, притоа посочувајќи дека земјата е 100 проценти усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што, како што наведува, ја потврдува не само посветеноста на државата кон реформите, туку и јасната стратешка ориентација за членство во Унијата



Проширувањето е императив и за Европската Унија (ЕУ) и за земјите кандидатки, изјави денеска шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски пред почетокот на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ во Брисел, со кој претседава високата претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

Според министерот за надворешни работи и надворешна трговија, станува збор за тоа Западен Балкан да престане да биде, како што вели, сива зона на Европа и да се создаде група на држави со јасен и кредибилен пат за членство во ЕУ.

Муцунски, во видеообраќање, вели дека Македонија постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда, особено во последните месеци, притоа посочувајќи дека земјата е 100 проценти усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што, како што наведува, ја потврдува не само посветеноста на државата кон реформите, туку и јасната стратешка ориентација за членство во Унијата.

„Нашата порака до земјите членки (на ЕУ) е повеќеслојна. Потребно е да се оттргнеме од билатерализацијата на пристапните критериуми, но и да се засили ангажманот за прашања кои одат и пошироко од самиот процес на проширување, особено во областите на безбедноста и одбраната, економијата и трговијата, енергетската безбедност, безбедноста на храната и дигитализацијата“вели Муцунски.

Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на агендата на Советот ќе дискутира за односите на Европската Унија со Западен Балкан, при што разговорите се насочени кон актуелните надворешно-политички и безбедносни прашања од заеднички интерес, со посебен акцент на натамошното јакнење на соработката во областа на надворешната, безбедносната и одбранбената политика, руската агресија врз Украина, како и пошироките регионални последици од актуелните глобални случувања.



Поврзани содржини

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026

Општина Центар со повик за поправка на кровови и лифтови

11 мај 2026
НАЈНОВО

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

Поранешниот премиер Едуар Филип ќе ги обединува Французите против Бардела

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026

Грција презеде иницијатива проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да стане реалност

11 мај 2026

Општина Центар со повик за поправка на кровови и лифтови

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.