Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Страшна несреќа во Белград: Трамвај излета од шините и удри во зграда, меѓу повредените има и дете

25 мај 2026

Изгаснат пожарот што избувна синоќа во Радовиш, изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“

25 мај 2026

Нетанјаху признава дека повеќе нема влијание врз Трамп

25 мај 2026

ФОТО: Домашни расни кучиња нападнале мајка со малолетни деца во кичевско, едното дете има повреди по лицето!

25 мај 2026

Вучиќ бесен поради проценката дека на протестите во Белград имало 200.000 луѓе: „Дали ви е срам?“

25 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 25
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ФОТО: Домашни расни кучиња нападнале мајка со малолетни деца во кичевско, едното дете има повреди по лицето!

Press OnlineBy Press Online25 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лени Ангелоска-Здравеска од Гостивар јавно побара реакција од институциите откако, како што тврди, таа и нејзините две малолетни деца биле нападнати од две агресивни кучиња во селото Другово, кичевско.



Според нејзината објава, инцидентот се случил на 22 мај додека со децата била на кратка прошетка.

„Во паника, помалото дете го кренав во раце, а со другата рака се обидував да го заштитам поголемото девојче и ја криев зад мене. Во тој момент едното куче ми го повлече малото дете од раце и тоа падна на бекатон. Се појави и второ куче кое агресивно ме нападна. Ми го фати за дуксерот и повторно ми го повлече детето. Детето беше влечено по бекатонот“, наведува Ангелоска-Здравеска.

Во еден момент, според неа, до нив застанал автомобил, а детето завршило речиси под предното тркало.

„Со последни сили успеав да го извлечам, го зедов во раце и влегов во двор кај соседите за да се спасиме. Но, кучињата продолжија да се враќаат по нас. Детето се здоби со телесни повреди, кои беа констатирани во Медицинскиот центар во Кичево“, пишува таа.

Таа тврди и дека сопственикот на кучињата не покажал грижа за случувањето.

„Најстрашно од сè е што човекот кој ги чува кучињата ладнокрвно одговори дека ‘не му е ништо’ и не покажа никаква грижа, одговорност или човечност“, наведува таа.

Според објавата, случајот бил пријавен во МВР преку Брзата помош, а таа дала и официјална изјава.

„Ова не го споделувам за да правам драма, туку затоа што денес беше моето дете — утре може да биде нечие друго“, порача Ангелоска-Здравеска



Поврзани содржини

Изгаснат пожарот што избувна синоќа во Радовиш, изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“

25 мај 2026

Мендух Тачи реизбран за лидер на ДПА

25 мај 2026

Претседателката Сиљановска Давкова : Кирил и Методиј се темелот на духовниот и културниот идентитет на македонскиот народ

25 мај 2026
НАЈНОВО

Страшна несреќа во Белград: Трамвај излета од шините и удри во зграда, меѓу повредените има и дете

25 мај 2026

Изгаснат пожарот што избувна синоќа во Радовиш, изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“

25 мај 2026

Нетанјаху признава дека повеќе нема влијание врз Трамп

25 мај 2026

ФОТО: Домашни расни кучиња нападнале мајка со малолетни деца во кичевско, едното дете има повреди по лицето!

25 мај 2026

Вучиќ бесен поради проценката дека на протестите во Белград имало 200.000 луѓе: „Дали ви е срам?“

25 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.