Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Комисија за култура на СДСМ: Додека Скопје се гуши во смет, а културата протестира, власта прави ПР со меморандуми

28 мај 2026

Шпанската полиција го претресува седиштето на владејачката Социјалистичка партија

28 мај 2026

Извештајот на странската комисија за непотребни операции на срце сè уште не е доставен до надлежните институции

27 мај 2026

(Видео) Силно невреме ја погоди Словенија. Ветровите креваа покриви и соборуваа дрвја

27 мај 2026

Владата не го прифаќа предлогот на Филипче за референдум за ЕУ, за да не се трошат пари и време

27 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 28
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ЛЕВИЦА: ПЛИВАЧИТЕ ЈА ПЛАЌААТ ЦЕНАТА ЗА КРИМИНАЛНИТЕ КОНЦЕСИИ НА ДРЖАВАТА

Press OnlineBy Press Online27 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



‼️Очекуваното затворање на базенот „Борис Трајковски“ заради реконструкција е вистински удар за пливачите. Директна последица од ова затворање е принудното префрлање на сите пливачи на Олимпискиот базен во Скопје – потег кој дополнително ќе го оптовари и онака кревкиот буџет на клубовите, бидејќи таму цените за термините се енормно високи и за жал недостапни за многумина, што доведува некои пливачи да се повлечат од спортот.

🗣️Санацијата на базенот во Карпош е неопходна, меѓутоа дали државата ќе обезбеди услови за тренинг пред затворање на спортскиот објект?
Реалноста на Олимпискиот базен е карактеризирана како „дупка без дно“. Овој државен објект со децении е заробен во приватна концесија при што закупецот профитира, а државата тоне во милионски долгови кон него. Државата, со договорот од 2004 година, се обврзала да му ги покрива на закупецот Маневски инвестициите во објектот. Тоа подразбира дека тој за секое реновирање во зградата на базенот испраќал и испраќа сметки до Јавното претпијатие за стопанисување, кое, пак, треба да му го исплати вложеното. Државата никогаш не ги покривала реално трошоците поради блокираната сметка на јавното претпријатие, поради што и тој одамна не ја плаќа концесијата од 750 евра месечно. Овој договвор е реален доказ за криминал и корупција. Тоа го докажува и условната затворска казна на поранешниот директор Аљиљ Палоши, кој беше осуден токму затоа што со приватни фирми, меѓу кои и со онаа на Маневски за Олимписки, склучувал договори за закуп по цени далеку пониски од реалните вредности.

Дополнителен проблем претставува и тоа што базените градени според училишни стандарди, коишто се под капа на министерството за спорт, се под клуч, а рокот за нивна изградба е веќе истечен. #Левица веќе апелираше да се стават овие базени во употреба. Но, професионалниот спорт бара стандарди, димензии и услови кои овие помали објекти едноставно ги немаат, со што тренинзите на професионалните пливачи не би биле ефикасни. Поради тоа, државата по секоја цена мора да изнајде начин да го обезбеди Олимпискиот базен за македонските спортисти.

‼️Не смее еден штетен договор со концесионер, склучен под сомнителни и коруптивни околности, да биде посилен од јавниот интерес на пливачките спортови.
Освен инфраструктурно одржлив објект, на пливачите им треба и финасиска достапност до базените, а со оглед на тоа што пливачките клубови функционираат како граѓански здруженија, тоа кај овие спортисти е веќе отежнато.

#Левица повеќепати досега апелира Министерството за спорт да преземе одговорност за овој проблем што настана и минатата година. Во Скопје не е доволен само еден базен. Изградбата на базени низ целата држава е од круцијално значење со оглед на тоа што пливањето е базичен спорт.



Поврзани содржини

Комисија за култура на СДСМ: Додека Скопје се гуши во смет, а културата протестира, власта прави ПР со меморандуми

28 мај 2026

Извештајот на странската комисија за непотребни операции на срце сè уште не е доставен до надлежните институции

27 мај 2026

Владата не го прифаќа предлогот на Филипче за референдум за ЕУ, за да не се трошат пари и време

27 мај 2026
НАЈНОВО

Комисија за култура на СДСМ: Додека Скопје се гуши во смет, а културата протестира, власта прави ПР со меморандуми

28 мај 2026

Шпанската полиција го претресува седиштето на владејачката Социјалистичка партија

28 мај 2026

Извештајот на странската комисија за непотребни операции на срце сè уште не е доставен до надлежните институции

27 мај 2026

(Видео) Силно невреме ја погоди Словенија. Ветровите креваа покриви и соборуваа дрвја

27 мај 2026

Владата не го прифаќа предлогот на Филипче за референдум за ЕУ, за да не се трошат пари и време

27 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.