Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Комисија за култура на СДСМ: Додека Скопје се гуши во смет, а културата протестира, власта прави ПР со меморандуми

28 мај 2026

Шпанската полиција го претресува седиштето на владејачката Социјалистичка партија

28 мај 2026

Извештајот на странската комисија за непотребни операции на срце сè уште не е доставен до надлежните институции

27 мај 2026

(Видео) Силно невреме ја погоди Словенија. Ветровите креваа покриви и соборуваа дрвја

27 мај 2026

Владата не го прифаќа предлогот на Филипче за референдум за ЕУ, за да не се трошат пари и време

27 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 28
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Извештајот на странската комисија за непотребни операции на срце сè уште не е доставен до надлежните институции

Press OnlineBy Press Online27 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Половина месец откако министерот за здравство Азир Алиу најави дека извештајот на странската комисија за можни неоправдани операции и интервенции на срце ќе биде доставен до надлежните институции, тоа сè уште се нема случено. Алиу, кога ги презентираше наодите на странската комисија, рече дека тие ќе бидат испратени до Владата, Јавното обвинителство, Лекарската комора, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Фондот за здравствено осигурување и до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).



Од Министерството за здравство, како што пренесува телевизија Телма, велат дека во моментов се комплетира целокупната медицинска документација, вклучително и деталните извештаи за секој пациент поединечно.

„Во моментов се докомплетира цела документација, вклучително и деталните извештаи, за секој пациент поединечно, кои беа разгледувани на Комисијата. Ова значи дека на генералниот извештај ќе се дополнат сите поединечни извештаи за секој пациент. По ова ќе се постапи согласно институционалните процедури, со оглед на тоа дека во извештаите се содржат чувствителни информации со лични медицински податоци“,

информираат од Здравство.
Алиу при презентацијата на извештајот рече дека од вкупно анализирани 13 предмети, странската комисија, составена од тројца експерти, кај девет утврдила сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација, додека кај четири медицинскиот третман бил во согласност со стандардите на клиничката пракса.

Пациентите што биле предмет на анализа биле на возраст од 45 до 78 години, а анализираните случаи се однесуваат на интервенции и постапки направени во јавни и во приватни здравствени установи, односно во ЈЗУ Универзитетската клиника за кардиологија, ЈЗУ Универзитетската клиника за кардиохирургија, Клиничката болница во Штип, ГОБ „8 Септември“, Приватната здравствена установа „Кардиоарт – Штип“, Клиничката болница „Жан Митрев“ и Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Осврнувајќи се на наодите на комисијата, Алиу рече дека тие се сериозни и оти не смеат да се релативизираат, но, исто така, додаде дека не смеат ниту да се користат за генерализрање или за нарушување на угледот на целата лекарска професија и стигматизација на здравствените установи во земјава, бидејќи огромен број лекари во државата чесно, стручно и совесно си ја работат работата.

Тој рече и дека сите девет пациенти се живи и ако ги побараат извештаите од анализите на комисиите тие ќе им бидат доставени.

Алиу тогаш на прашање од „360 степени“, за тоа дали може да биде дециден и да каже дека овие девет пациенти биле непотребно оперирани или не, тој рече да и се повика на извештајот од стручната комисија.



Поврзани содржини

Комисија за култура на СДСМ: Додека Скопје се гуши во смет, а културата протестира, власта прави ПР со меморандуми

28 мај 2026

Владата не го прифаќа предлогот на Филипче за референдум за ЕУ, за да не се трошат пари и време

27 мај 2026

Три девојки повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес, автомобилот превртен на кров

27 мај 2026
НАЈНОВО

Комисија за култура на СДСМ: Додека Скопје се гуши во смет, а културата протестира, власта прави ПР со меморандуми

28 мај 2026

Шпанската полиција го претресува седиштето на владејачката Социјалистичка партија

28 мај 2026

Извештајот на странската комисија за непотребни операции на срце сè уште не е доставен до надлежните институции

27 мај 2026

(Видео) Силно невреме ја погоди Словенија. Ветровите креваа покриви и соборуваа дрвја

27 мај 2026

Владата не го прифаќа предлогот на Филипче за референдум за ЕУ, за да не се трошат пари и време

27 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.