Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Јаневска: Бројот на ученици е намален, но сите наставници ќе ги задржат работните места

28 мај 2026

Советот на ЕУ одобри исплата на 2,8 милијарди евра помош за Украина

28 мај 2026

Масовна гробница од Втората светска војна пронајдена во Загреб. Жртвите биле врзани со жица

28 мај 2026

Кузеска: Секој следен предлог за Македонија е сè полош

28 мај 2026

Трајчулески до Муцунски: Им се нудите ли во Брисел со сценарио за уставни измени за време техничка влада?

28 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 28
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Кузеска: Секој следен предлог за Македонија е сè полош

Press OnlineBy Press Online28 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Историјата досега покажа дека секој нареден договор и предлог за Македонија е сè полош. Ние не можеме да станеме посилни во преговарачките позиции доколку сме изолирани. Ако не сме на масата, не можеме да имаме силна позиција која ќе ни даде комфор да биде сè по наше – вели во гостување на „4ТВ“ портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.



Таа направи детална ретроспектива на однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ низ годините.

„Да се навратиме малку назад. На референдумот излегоа и гласаа 660.000 граѓани, и покрај сите блокади кои ги правеше ВМРО-ДПМНЕ. Лепеа плакати со кои порачуваат дека секој што ќе излезе да гласа е предавник. Тоа не го криеја, јавно го спроведуваа. Како наводни патриоти, во 2011 година поништија попис, а кога подоцна конечно се спроведе нов попис, тие повторно го блокираа. ВМРО-ДПМНЕ постојано се служи со блокади и заплашувања“, рече Кузеска.

Појасни дека компромисот, по дефиниција, значи дека двете страни се делумно незадоволни, но дека со Францускиот предлог тогашната влада предводена од СДСМ и коалицијата успеала да ги заштити црвените линии.

„Беше направена најумешната дипломатија и се издејствува најдоброто за македонските позиции. Апсолутно ништо не ни е загрозено. Го заштитивме македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Македонскиот јазик е признат во Европската Унија, а најдобар доказ за тоа е договорот со Фронтекс, кој е потпишан на чист македонски јазик, без никакви додавки и фусноти. Тоа е огромен успех“, заклучи таа.



Поврзани содржини

Јаневска: Бројот на ученици е намален, но сите наставници ќе ги задржат работните места

28 мај 2026

Трајчулески до Муцунски: Им се нудите ли во Брисел со сценарио за уставни измени за време техничка влада?

28 мај 2026

Запалено возило на паркинг близу Бит Пазар

28 мај 2026
НАЈНОВО

Јаневска: Бројот на ученици е намален, но сите наставници ќе ги задржат работните места

28 мај 2026

Советот на ЕУ одобри исплата на 2,8 милијарди евра помош за Украина

28 мај 2026

Масовна гробница од Втората светска војна пронајдена во Загреб. Жртвите биле врзани со жица

28 мај 2026

Кузеска: Секој следен предлог за Македонија е сè полош

28 мај 2026

Трајчулески до Муцунски: Им се нудите ли во Брисел со сценарио за уставни измени за време техничка влада?

28 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.