Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Нуклеарната централа Запорожје повторно остана без надворешно напојување

29 мај 2026

Костадиновски: Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот

29 мај 2026

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да шири обвинувања дека Вучиќ е вмешан во „Сараево сафари“

29 мај 2026

Стоилковиќ во интервју за кинеска телевизија: Имаме огромен потенцијал за соработка

29 мај 2026

Круговите околу Трамп имаат план за Орбан: висока функција во ОН поврзана со дипломатски имунитет

29 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 29
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

Press OnlineBy Press Online29 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Трајче Стојчевски, преку прес-конференција упати јавен повик до Владата и премиерот Христијан Мицкоски итно да распишат референдум за ЕУ. Стојчевски порача дека младите не прифаќаат изговори оти во буџетот нема средства за организирање на изјаснувањето, обвинувајќи ја власта за нетранспарентно и расипничко трошење.

Тој потенцираше дека опозицискиот подмладок со месеци предупредува на недостиг на пари во државната каса, тврдејќи дека буџетските средства се трошат на, како што рече, „криминални тендери за полнење на џебовите“ на структурите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога има пари за тендери, за нов авион и за луксузен живот на Мицкоски и неговата група — мора да има пари и за одлука за судбината на младите, на државата и на сите граѓани“, истакна претседателот на СДММ.

Критика за изолацијата и функционерите со бугарски пасоши

Осврнувајќи се на изјавите на премиерот дека земјата е подготвена да ја „плати цената“ и да чека за членство во Унијата, Стојчевски реагираше дека цената за изолацијата нема да ја платат владините функционери, туку новите генерации.

„Мицкоски нема да ја плати цената, неговите пајташи во Владата со бугарски пасоши кои веќе си обезбедиле ЕУ исто така нема да ја платат цената. Најскапа цена ќе платат младите кои ќе продолжат да се иселуваат. Македонија ќе остане без млади, без народ, без иднина“, обвини Стојчевски, додавајќи дека е недозволиво граѓаните да чекаат со часови по границите додека функционерите и нивните семејства поседуваат европски документи.

Барање за референдум и повик до власта да не бега

Според лидерот на СДММ, ова не е прашање на една политичка партија или подмладок, туку прашање што ги засега сите млади луѓе во Македонија кои имаат право самите да кажат по кој пат ќе се движи државата бидејќи тие ќе ги носат последиците од денешните одлуки.

„Младите не сакаат Мицкоски да одлучува во нивно име, да им ја крои капата, а со тоа и иднината во заглавена и изолирана земја. Затоа распишете референдум. Не бегајте од граѓаните, не бегајте од младите. Ние не сакаме да плаќаме цена, ние сакаме европска иднина“, порача Стојчевски на крајот од прес-конференцијата.

Поврзани содржини

Костадиновски: Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот

29 мај 2026

Стоилковиќ во интервју за кинеска телевизија: Имаме огромен потенцијал за соработка

29 мај 2026

Трагедија кај Черкези – 13-годишно дете загина на тротинет

29 мај 2026
НАЈНОВО

Нуклеарната централа Запорожје повторно остана без надворешно напојување

29 мај 2026

Костадиновски: Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот

29 мај 2026

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да шири обвинувања дека Вучиќ е вмешан во „Сараево сафари“

29 мај 2026

Стоилковиќ во интервју за кинеска телевизија: Имаме огромен потенцијал за соработка

29 мај 2026

Круговите околу Трамп имаат план за Орбан: висока функција во ОН поврзана со дипломатски имунитет

29 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.