Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ВЛЕН: По Беџети дојде Јашари, но ДУИ со години го остави заглавен правосудниот испит на албански јазик

31 мај 2026

Мицкоски за новиот закон за пушење: Донесен е со компромис, инспекциите ќе бидат ригорозни и нема да има повластени региони

31 мај 2026

Новиот закон за тутун бара баланс за да не процвета нелегалната трговија, смета Групацијата за производство на цигари

31 мај 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков зборува за „европска култура“, а културата му се распаѓа пред очи

31 мај 2026

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

31 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 31
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Мицкоски за новиот закон за пушење: Донесен е со компромис, инспекциите ќе бидат ригорозни и нема да има повластени региони

Press OnlineBy Press Online31 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Предлог-законското решение за пушењето е донесено по пат на инклузивен процес и консултации со сите засегнати страни, а неговата примена ќе се спроведува строго на целата територија на државата, без какви било повластици. Ова денеска го изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на средбата со претставниците на здруженијата, производителите, дистрибутерите и хотелиерите (Хорека секторот) кои учествуваа во изработката на законот.

Премиерот истакна дека предлогот не е носен ад-хок ниту по принципот на сила, туку преку заеднички компромис кој следната недела, во вторник, ќе се најде на владина седница на разгледување пред министрите.

„Практично, целокупниот овој процес создаде еден производ во којшто целта на Владата беше да излеземе сите подеднакво незадоволни. Затоа што кога работите ваков еден закон не можете да излезете сите подеднакво задоволни, тоа не е возможно. Имаме по малку некое мало ограничено незадоволство, но сите сме среќни затоа што постигнавме заеднички компромис“, објасни Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека една од клучните политики на Владата е борбата за намалување на бројот на граѓани кои консумираат тутун. Тој посочи дека досега во државата имало одредени законски решенија кои, за заложби на јавноста, не биле доследно применувани на терен, но гарантираше дека овојпат пристапот ќе биде радикално поинаков.

„Верувајте ми, инспекциите ќе бидат ригорозни на целата територија на државата. Ова го повторувам, нема да има повластени региони, градови, населени места итн. каде што нема да се почитува законот и за ова јас ви гарантирам, тука ќе нема никаков пардон. Ако некој мисли дека бил повластен, па бил близок со овој или оној, се лаже. Можеби ќе поминете еднаш или двапати, но третиот пат сигурно ќе бидете фатени и санкционирани“, дециден е премиерот.

Одговарајќи на коментарите дека ваквите законски решенија можат да соколат поларизација или да наштетат на политичката репутација, Мицкоски порача дека Владата свесно влегува во овие процеси бидејќи крајната цел е заштита на здравјето и човечките животи.

Како соодветен пример тој го посочи проектот „Безбеден град“, за кој во првите четири месеци од годинава е евидентиран преполовен број на човечки жртви во сообраќајот, токму во зоните каде што овој систем е активен. Премиерот изрази уверување дека и со доследна примена на новиот закон за пушење ќе се постигнат видливи позитивни резултати за јавното здравје.

Поврзани содржини

ВЛЕН: По Беџети дојде Јашари, но ДУИ со години го остави заглавен правосудниот испит на албански јазик

31 мај 2026

Новиот закон за тутун бара баланс за да не процвета нелегалната трговија, смета Групацијата за производство на цигари

31 мај 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков зборува за „европска култура“, а културата му се распаѓа пред очи

31 мај 2026
НАЈНОВО

ВЛЕН: По Беџети дојде Јашари, но ДУИ со години го остави заглавен правосудниот испит на албански јазик

31 мај 2026

Мицкоски за новиот закон за пушење: Донесен е со компромис, инспекциите ќе бидат ригорозни и нема да има повластени региони

31 мај 2026

Новиот закон за тутун бара баланс за да не процвета нелегалната трговија, смета Групацијата за производство на цигари

31 мај 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков зборува за „европска култура“, а културата му се распаѓа пред очи

31 мај 2026

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

31 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.