Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Новиот закон за тутун бара баланс за да не процвета нелегалната трговија, смета Групацијата за производство на цигари

31 мај 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков зборува за „европска култура“, а културата му се распаѓа пред очи

31 мај 2026

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

31 мај 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

31 мај 2026

„Маж ѝ е, што сака нека ѝ прави“ е најстрашната нормализација на насилството, вели Петровска

30 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 31
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Новиот закон за тутун бара баланс за да не процвета нелегалната трговија, смета Групацијата за производство на цигари

Press OnlineBy Press Online31 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Групацијата за производство на цигари, која дејствува во рамките на Здружението на производители на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија, излезе со официјален став во врска со подготовката на новиот Предлог-закон за заштита од употреба на тутунски производи и сродни производи. Од Групацијата ја поздравија одлуката на Владата за водење инклузивна комуникација со бизнис секторот, посочувајќи дека дел од нивните забелешки и укажувања веќе се земени предвид во законското решение.

Производителите на тутун упатија јасна и недвосмислена поддршка за заложбите насочени кон засилување на заштитата на малолетните лица. Тие потенцираат дека целосно го поддржуваат ограничувањето на пристапот, продажбата и употребата на тутунски и сродни производи од страна на малолетниците, нагласувајќи дека овој принцип и самите секојдневно го применуваат преку сопствени механизми и програми.

Прекумерната регулација крие ризик од шверц и сива економија

Истовремено, претставниците на деловната заедница апелираат за носење балансирани регулаторни одлуки кои ќе овозможат одржливост и јасна диференцијација меѓу традиционалните и новите тутунски производи. Од Групацијата, која ја сочинуваат мултинационални компании со светско искуство, нудат целосна експертиза за идното прецизирање на овие регулативи.

Сепак, од Стопанската комора упатуваат и сериозно предупредување до креаторите на политиките во однос на можните несакани економски рефлексии од престрогите забрани.

„Во разговорите укажавме дека согласно нашите искуства, прекумерната регулација може да резултира со раст на нелегалната трговија. Во тој контекст треба да се разгледуваат позитивните искуства на дел од земјите членки на Европската Унија“, предупредуваат од Групацијата за производство на цигари.

На крајот од своето соопштение, производителите потенцираат дека сè уште постојат многу отворени прашања каде што мора да продолжи конструктивниот дијалог меѓу државата и бизнисот. Целта на тој дијалог, според нив, треба да биде изнаоѓање решенија кои ќе обезбедат соодветен баланс помеѓу јавно-здравствените приоритети, економската одржливост на индустријата и усогласеноста со современите европски практики.

Поврзано…

Мицкоски за новиот закон за пушење: Донесен е со компромис, инспекциите ќе бидат ригорозни и нема да има повластени региони

Поврзани содржини

Комисија за култура на СДСМ: Љутков зборува за „европска култура“, а културата му се распаѓа пред очи

31 мај 2026

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

31 мај 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

31 мај 2026
НАЈНОВО

Новиот закон за тутун бара баланс за да не процвета нелегалната трговија, смета Групацијата за производство на цигари

31 мај 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков зборува за „европска култура“, а културата му се распаѓа пред очи

31 мај 2026

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

31 мај 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

31 мај 2026

„Маж ѝ е, што сака нека ѝ прави“ е најстрашната нормализација на насилството, вели Петровска

30 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.