Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Седум лица убиени во руски напади врз неколку украински градови

3 јуни 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

3 јуни 2026

Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот

3 јуни 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

3 јуни 2026

Трамп за Еј-би-си: Договорот со Иран може да се постигне во текот на следната недела

3 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, јуни 3
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

Press OnlineBy Press Online3 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) упати сериозни обвинувања до Владата за водење двојна и антиевропска политика. Портпаролката и членка на Извршниот одбор на партијата, Богданка Кузеска, на прес-конференција реагираше на учеството на вицепремиерот Иван Стоилковиќ на 7-от состанок на локалните лидери на Кина, каде што тој престојува заедно со српската делегација.

Кузеска јавно го отвори прашањето како е можно во земја која е полноправна членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија, вториот човек во државата отворено да промовира стратешка соработка со Пекинг.

Според СДСМ, овој чекор јасно ги демаскира вистинските намери на актуелната власт.

„Човекот кој јавно се дружи со ‘Ноќните волци’ на Путин, кој слави со проруските структури во Република Српска и кој е тесно поврзан со српските безбедносни служби, сега директно заговара продлабочување на врските со Пекинг. Ова не е дипломатија, ова е јасна антиевропска и антизападна политика на криминалната група на власт“, изјави портпаролката на опозицијата.

„Со едната рака ветуваат ЕУ, со другата работат за руските и кинеските интереси“

Кузеска потенцираше дека премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Иван Стоилковиќ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ реално не сакаат реформи, правда ниту членство во Европа. Напротив, според опозицијата, нивната цел е изолација на државата, создавање зависност од автократски режими и продолжување на криминалот без каква било меѓународна контрола.

Од опозициската партија порачаа дека граѓаните веќе јасно ја гледаат двојната игра на Владата, која декларативно ветува интеграција во ЕУ, а во пракса работи за руските интереси и за Кина. Поради ова, СДСМ побара итно прекинување на ваквите политики и итно фокусирање на европската агенда преку пораката „Реформи сега, Европа сега“.

Поврзани содржини

Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот

3 јуни 2026

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

3 јуни 2026

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

3 јуни 2026
НАЈНОВО

Седум лица убиени во руски напади врз неколку украински градови

3 јуни 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

3 јуни 2026

Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот

3 јуни 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

3 јуни 2026

Трамп за Еј-би-си: Договорот со Иран може да се постигне во текот на следната недела

3 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.