Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

3 јуни 2026

Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот

3 јуни 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

3 јуни 2026

Трамп за Еј-би-си: Договорот со Иран може да се постигне во текот на следната недела

3 јуни 2026

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

3 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, јуни 3
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот

Press OnlineBy Press Online3 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот. Речиси три децении немаше инвестиции во патната инфраструктура, Ние како Влада ги придвижуваме работите и работиме на неколку фронтови, истакна вицепремиерот Александар Николоски во поткастот „Риштази”.

„Македонија ќе има одлични автопатишта, би рекол, најдобри во регионот во следниве години како ќе ги завршуваме проектите. Факт е дека ние изгубивме најмалку 3 децении, мислам, на последните две децении на 20 век, 80-тите и 90-тите години и првата деценија на 21 век, така што еднo 30 години речиси никакви инвестиции во патната инфраструктура не донесе во ситуација каква што не донесе. Први големи инвестиции почнаа да се случуваат таму некаде 2013-2014 година, па после имаше одредени застои, се обидуваме како влада повторно да ги задвижиме. Ние работиме на многу фронтови” истакна вицепремиерот Николоски.

 Николоски прецизира дека изградбата на автопатот Требениште- Ќафасан не е довeденa во прашање. Во соработка со УНЕСКО ќе се утврди трасата на автопатот. „УНЕСКО вели оваа траса е проблематична, ќе видиме финално што ќе кажат крај на јуни, почеток на јули. Ние ќе се бориме да ја одбраниме трасата и велиме дека е добра. И на крај ќе пресечеме крај на јуни, почеток на јули. Ако нашите аргументи победат, ќе градиме по таа траса. Ако нашите аргументи не победат, ќе градиме по траса која што е малку подолу. Но, повторувам, не е прашањето дали, прашањето е по која траса ќе го гардиме автопатот Требениште-Ќафасан”, рече Николоски.

За година и половина завршивме 37 км и ги пуштивме во сообраќај на автопатот Охрид-Кичево и тоа е доказ дека многу сериозно ги водиме проектите. За разлика од нас, владата на СДСМ и на ДУИ седум години не стави ни метро асфалт, истакна Николоски.

„Проблемот е на предходната влада која што од политички причини тој проект го напушти. Факт е дека седум години владата на Зоран Заев на СДСМ и ДУИ, тој проект не го работеше. Од причина што тие решија политички да го напуштат, нели отвораа и судски процеси и така натаму. И ние не можеме да преземаме одговорност за седум години од претходната влада, Кога бевме избрани, метро асфалт немаше на Охрид Кичево. Успеавме за година и некаде шест месеци, значи вкупно 18 месеци имаме активна работа, предходно ни требаше период да проучиме и да видиме кај сме, сега завршивме 37 километри, што е огромно достигнување. Така што според мене, на Охрид – Кичево велам дека се работи година и пол. Претходно не се работело. Едно е да се работи, па да не се заврши, друго е да воопшто не се работи. Така што овие година и половина на Охрид – Кичево покажува дека ние сме многу сериозни и дека многу сериозно ги водиме проектите и тоа е најдобар доказ дека ги завршуваме и проектите кои што се после нас” рече Николоски.

Поврзани содржини

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

3 јуни 2026

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

3 јуни 2026

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

3 јуни 2026
НАЈНОВО

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

3 јуни 2026

Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот

3 јуни 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

3 јуни 2026

Трамп за Еј-би-си: Договорот со Иран може да се постигне во текот на следната недела

3 јуни 2026

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

3 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.